Првпат после 15 години во Формула 1 заврши на подиум и му направија журка

Триесет и седум годишниот германски возач во Формула 1, Нико Хилкенберг минатата недела кочено заврши на едно од првите три места. На трката за Големата награда на Велика Британија тој стартуваше како претпоследен, позиција која што ја „стекна“ во квалификациите. Но на крај заврши на високото трето место зад двоецот на Мекларен Ландо Норис и Оскар Пијастри, а зад себе ги остави Луис Хамилтон, Макс Ферстапен, Пјер Гасли и други.

„Помина многу време, зар не? Знаев дека можеме ова да го постигнеме, го имав тоа некаде во себе. Каква трка! Стартував готово последен и се ова е помалку нестварно“, вели Хилкенберг за својот прв подиум после цели 239 трки во кариерата!

А дома му направиле права фешта, жената, децата, родителите и пријателите:

9 јули 2025 - 14:47