Кретенот од Вест Хем што рогаше мачка, веќе сноси сериозни последици, на удар е на цела јавност

Курт Зума, некогашниот стопер на Челси а сега во Вест Хем е казнет од клубот со 250.000 фунти поради видеото кое го снимал брат му дома а кое што ја шокираше цела интернет заедница.

Зума на видеото се гледа, како ја фаќа за врат домашната мачка, ја крева и ја шутира со сета сила, после ја брка, ја гаѓа до папучи и пак се обидува да ја удри. Цело видео е проследено со смеење од Курт Зума и брат му.

Активистите и групите за заштита на животните во Велика Британија, особено оние лондонските веднаш реагираа и побараа од англиските власти, од Премиер лигата и од Вест Хем да го казнат и суспендираат играчот.

Курт Зума свесен дека врагот ја однел шегата, веднаш упати долго извинување на сите, а се извини и брат му, ама не им вредеше.

ВЕСТ ХЕМ БИ МОЖЕЛ ДА ИЗГУБИ СПОНЗОРИ, КУРТ ЗУМА ВЕЌЕ ГИ ГУБИ

Постои веројатност дека идиотскиот чин на Зума ќе придонесе Вест Хем да настрада финансиски. Први кои ја доведоа во прашање соработката со „чеканите“ биле од туристичката организација Experience Kissimmee. Во оваа организација биле разочарани од отсуство на каква било санкција од клубот за нивниот играч.

„Сега очекуваме дополнителни информации од клубот. После тоа ќе го оцениме нашиот однос со Вест Хем и евентуално понатамошно спонзорство на тимот“.

После нив се огласила и осигурителната компанија Vitality, голем спонзор на Вест Хем со кого соработуваат уште од август.

„Крајно сме разочарани како клубот го оцени тој инцидент. Не згрози видеото со Курт Зума. Нашата компанија не прифаќа насилство од никаков вид. Ние ќе ја преиспитаме соработката со Вест Хем и од денес очекуваме поконкретни дејства од страна на клубот по тоа прашање“, рекле од богатата компанија.

Никој уште не раскинал договор со Вест Хем но клубот од претпазливост веќе презема акции. 

ЗУМА СО ПРАВО Е ОСУДУВАН, АДИДАС МУ ГО РАСКИНАЛ ДОГОВОРОТ

Клубот од Лондон го казнил фудбалерот на максимална парична казна според дисциплинскиот правилник - 250.000 фунти. Сите пари Вест Хем решил да ги донира во фондовите за помош на животни.

Богатиот бренд adidas решил еднострано да ја прекине соработката со фудбалерот. Германската компанија излезе со соопштение: „Ја завршивме нашата истрага и можеме да потврдиме дека Курт Зума веќе не е спортист кој работи под договор со adidas“.

На Зума му ги одзеле и двете домашни мачки: Кралското друштво за превенција од суровост кон животните ќе се грижи за домашните миленици се додека истрагата не заврши во целсот. Мачките веќе биле однесени на ветеринар и за сега не им се утврдени никакви последици.

Повеќе од 200.000 луѓе потпишале петиција со барање за драстични мерки за фудбалерот Зума. Според некои закони во Франција за сурово постапување со животни има и затворска казна до пет години.

Видеото се појави на интернет минатиот вторник а на него се гледа како Курт Зума жестоко и грубо ја шутира и рога неговата мачка. Видеото го снимал брат му Јоан кој го објавил на Snapchat. На друго видео ја брка мачката и ја гаѓа со разни предмети.

„Сакам да се извинам за своите дејствија. Нема никакви оправданија за моето поведение за кое ми е искрено срам. Исто така сакам најдлабоко да им се извинам на сите оние кои ги вознемири ова видео. Сакам да ги уверам сите дека нашите мачки се во целосен ред и здрави. Цело семејство ги сака и се грижи за нив, ова беше единствен случај кој веќе никогаш нема да се повтори пак“, се извинил фудбалерот на Вест Хем.

10 февруари 2022 - 13:39