Ја видовте ли новата технологија на ФИФА за офсајд на Светско првенство?

ФИФА се спрема за Мундијалот во Катар во ноември годинава. За таа цел, како дел од подготовките е и имплементација на полуавтоматски офсајд - односно систем од поставени камери под покривот на стадионите кои автоматски цртаат линии, па судиите не мораат да трошат време во прекини, долги разговори со ВАР соба и прегледување снимки.

Од ФИФА тврдат дека со новиот систем нема простор за грешки, ама така уверуваа и за ВАР па се испостави дека судиите понекогаш сами запаѓаат во деликатни ситуации.

Линиите се исцртуваат компјутерски и полу-автоматски па така беше и на Светското клупско првенство каде првпат се врши експеримент со овој систем. На мечот од полуфиналето меѓу египетски Ал Ахли и бразилски Палмеираш, на Египќаните им беше поништен гол.

Технологијата во англиското говорно подрачје е позната како “limb-tracking technology”, систем за кој велат дека е чекор поблизу до воведување роботи наместо судии.

9 февруари 2022 - 16:01