Offside

Со две победи и едно реми против Џенова, Парма и Каљари, Наполи е шампион на Италија. Таму е јасна математиката. Во битката за четврто место, допрва ќе станува весело. Три екипи имаат ист број на бодови, а четвртата е на -1. Ситуацијата е хаотична.

Голот на Елмас, снимен од трибината на Наполитанците

Одбраната на Милан веројатно не очекуваше гол од Елмас со глава, нешто што не му е специјалност, па го потценија за време на корнерот. Го чува Сандро Тонали, а не некој од дефанзивците, а во празно скока и Ибра. Навивачите на Наполи се во делириум.

Несторовски се отвори со левицата на тренинг

По долгата пауза поради која не успеа да заигра ниту на Европското, Илија Несторовски почна да добива по некоја минута за Удинезе. Голгетерската форма се обидува да ја врати со напорни тренинзи, а на последниот даде 6 гола. Првиот и последниот мајсторски. Кифла и лоб удар.

Новото дете на Барса не знае да врзе врвки, ама дава голови за победи

По ерата на Меси, Барселона тргна практично од почеток да ги гради темелите. Новиот тренер Чави од коло во коло става млади фудбалери кои му враќаат со голови. Меѓу нив се Феран Џутлга Блан, Нико Гонзалес, Абде Езазлули, Алехандро Балде Мартинез и други.

Да видите каков човек го води светскиот ракомет

Хасан е претседател на ИХФ, пред неколку недели по петти па го избраа за прв човек на светската ракометна федерација која ја води 21 година! На прогласување на медалисти на женско Светско првенство направи голем гаф. Не ни знаел кои играат иако го гледал големото финале.

Епски снимки од едно дерби Галатасарај - Фенербахче

Најомразените ривали во турскиот спорт немаат одиграно едно меѓусебно дерби а на терен да не лета сè и сешто. Еднаш така Емре Белозоглу тргна да го изведе најневозможниот корнер во Турција.

Спалети за Газета дело Спорт: Елмас е веќе шампион

Стратегот на Наполитанците кој му дава најмногу минутажа и слобода на Елмас, воопшто не штеди зборови за македонскиот репрезентативец. Пофалбите за него се врвни. Доби оценка 7,5 и коментари од типот: Одигра натпревар како вистински марсовец!

Разговорот меѓу Рики и Елмас пред мечот Милан - Наполи

Капитенот на Македонија, Стефан Ристовски му пишува порака на Елиф Елмас пред големата битка во Серија А. Елмас му одговара со сеќавање на еден емотивен момент. Е тоа е фудбалот.

Голот на Елмас со кој го покори седумкратниот првак на Европа среде Сан Сиро

Само 10 дена откако со два комада го однесе Наполи во нокаут фазата од ЛЕ, Елиф Елмас е главен протагонист и на дербито на колото во Серија А, кое го реши со еден потег.

Страшна бомба на Ракитиќ против Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Севиља го добија дербито на колото против Атлетико со 2:1 и останаа на втората позиција зад Реал со -5. Резултатот го отворија по само 7 минути игра со спектакуларен погодок на Иван Ракитиќ.

Маестрален проектил на Лазаров со кој го однесе Нант во финале

Кире има 41 година и селекторски обврски, ама уште има топ во раката со кои решава натпревари. Каква спортска величина.

Сите 18 гола на Роналдињо во ЛШ

Кога овој човек играше во форма, тоа беше нешто посебно и уникатно за гледање. Секогаш кога ќе фатеше топка, требаше да си на штрек да не направи некој потег за клип. Во негово време беше најјак во свет. Компилацијата е самба. 14 гола за Барса и 4 за Милан.

Казахстан го избра голот за 2021-ва, а тоа е ремек дело на Македонец

Дојде време за сумирање, а меѓу првите тоа го направија во фудбалскиот шампионат во Казахстан. Голот на годината го прогласија оној на Давид Атанаскоски, член на Шахтар Караганди. И тоа пази, лев бек е, а ја офука на прва како никој. Претходно играше за Македонија Ѓорче Петров.

Судија, назад на полагање ако не знаеш чекори што се

Бруклин Нетс, моменталниот лидер на Истокот игра сјајна сезона и синоќа во дербито ја совлада Филаделфија 76 со 114-105. Дурент одигра уште една симултанка со 34 поени, 11 скока и 8 асистенции, ама главен момент на дербито беше контрата на високиот тешкаш Андре Драмонд кој по една украдена топка тргна во контра да куца. Направи чекори ама судиите се направија дека не виделе, па цела клупа на Бруклин жестоко реагираше.

Расположението на Кари на загревање пред да стане тројкаш број 1 во НБА

Првата тројка ја постигна во 2009-та, а рекордната 2.974-та пред два дена против Њујорк. Во Медисон Сквер Гарден, моментот беше одбележан спектакуларно со присуство на Реј Ален и Реџи Милер кои ги остави зад него, а шоуто почна уште пред стартот на мечот.

Турбо распоред во Лига на нации, Македонија за 11 дена игра четири меча

Во седиштето на УЕФА во Нион беше одреден распоредот на натпревари за новото издание од Лига на нации за сезоната 2022/2023. Во јуни месец за секои три дена натпревар.

Да ви раскажеме каков бараж за прва лига се одигра во Норвешка

6 гола во продолженија, два одбранети пенали, пенал серија со 18 шута, црвен картон, магла, снег, дожд, прослава, тага.

Ирина и Лазо за искачувањето на „монструмот на Хималаите“

Македонските јунаци кои го искачија Ама Даблам, одржаа презентација по повод освојувањето на еден од најтешките и најопасни планински врвови во светот. „Ова беше поместување на моите можности и границите кои мислев дека постојат“, рече Дишовска.

Во Америка игра женски Шекил О’Нил и тоа игра многу добро

Во женскиот средношколски баскет во САД се случува апсолутно непредвидлив процес. Таму една девојка им парира на сите рекорди на неверојатниот Стеф Кари и пред некое време на еден меч постигнала 19 тројки а друга е апсолутен хит на паркетот зошто игра со неверојатна леснотија и покрај центарската конституција.

Каде е и што прави Раџа Наинголан? Ене го грми топови во Белгија

Ако за некој фудбалер во иднина би сакале да гледаме документарец или да прочитаме автобиографија тоа е Раџа Наинголан. Раџа има 33 години. По авантурите во Пјаченца, Каљари, Рома и Интер со кој освои Скудето а неколку сезони беше биран во тимот на годината, реши да се врати во родната Белгија и да заигра за матичниот клуб Антверпен.

Тешка бламажа на холандски напаѓач од Црвена Ѕвезда

Се вика Ришаиро Живковиќ, роден е во Асен, Холандија и го сметале за талент на Ајакс. Еве прилика да видите каков талент е дечкото. Среќа офсајд што свирнаа, ама и тоа не го пере од срамов.

Трент Александер Арнолд испали јак проектил против Њукасл

Ливерпул целосно ја оправда фаворитската улога против Њукасл кој го доби со 3:1, а мечот го одбележа последниот гол на средбата, а тоа е голчиштето на Арнолд. Дополнителен, комичен шмек на проектилот му даде судијата Мајк Дин, кој му претрча на шут како прле пред магаре.

Лига на нации: Македонија против Бугарија, соседско дерби

На вечерашната ждрепка за новото издание на УЕФА Лига на нации, македонската фудбалска репрезентација доби убава група со ривали по мерка.

Во Пионир наводно се чула химната на Евролига

Секоја чест на лудачките завршници ноќеска во НБА лигата, ама ако некој сака атмосфера, нека си купи карта за во Белград. Ова е увертира од тазе мечот меѓу Црвена Ѕвезда и Барселона. Оптеретете звучките.

Најјакиот гол кој некогаш паднал во Шкотска, кога Русинот застана на топка

Манчестер Јунајтед е главниот клуб во кариерата на некогашниот руски фудбалер Андреј Канчелскис, но него го паметат и многу го ценат и во Шкотска. Русинот од 1998 до 2002 одиграл повеќе од 100 меча за Ренџерс, освоил две титули, три Купа и постигнал 19 гола.