Едниот е број 1 на АТП, другиот број 2. Очигледно, тоа е дуелот што ја карактеризира сегашната ера на тенисот и кој ќе биде актуелен во следната деценија, со исклучок на изненадувањата.
Многу спортисти од регионов, меѓу кои и нашиот репрезентативец Ѓоко Зајков се најдоа во Украина кога почна војната. Еден од нив е одбојкарскиот репрезентативец на Црна Гора, Рајко Стругар.
Шкотска аматерска лига. Дуел меѓу екипите на Стенли Атлетик и Порт Јунајтед Глазгов. Некој од публика му дофрлал на судијата кој решава да го реши со глава.
Водени од желбата да ги соголат спортистите од Руска Федерација, англиските медиуми секојдневно бараат познат лик кој ќе им стане бајрактар во битката против рускиот спорт. Го напнаа Томас Тухел, европскиот шампион со Челси кој им рече: „Просто мора да престанете со ова, јас не сум политичар, ние сме спортисти“.
Легендарниот „геније“, човек поради кој многу навивачи го засакаа Милан, отворено ја прокоментирал ситуацијата со санкциите за рускиот спорт поради ситуацијата во Украина.
Од нападите на Русија во Украина се згрозени многу навивачки групи. Меѓу нив и навивачите на Легија Варшава и Висла Краков, кои веројатно никогаш претходно немале согласност за нешто друго. Грмеа во еден глас против Путин на големото полско дерби.
Хрватската кошаркарска репрезентација остана во игра за пласман на СП 2023, после луд гостински триумф против Шведска од 105:98 во две продолженија. Губеа 15 разлика на полувреме, ама после влегоа во елемент и кошаркарите и коментаторот.
Како што расте војната во Украина, така се редат санкции во рускиот спорт кои веќе не може да ги пофатиме. Се огласи Спартак Москва, која смета дека спортот, дури и во најтешките моменти, треба да гради мостови, а не да ги руши.
На мечот Малага - Картагена во шпанската втора лига Сегунда дивизион кој заврши 1-1, домаќините поведоа во 56' минута преку Брандон, а гостите израмнија во длабоко судиско продолжение, во 90+4' минута со страшен гол на јапонскиот ветеран Шинџи Оказаки кој во 2016-та со Лестер сензационално ја освои титулата.
Колимор беше еден од поголемите јунаци на љубителите на англискиот фудбал во '90-те години. Играше во повеќе клубови а најмногу се прослави пред славниот КОП на Ливерпул од 1995 до 1997 година кога се изнадава голови. Одвреме-навреме го викаат да гостува по фудбалски емисии.
Џејмс Харден на 10 февруари направи трансфер во Филаделфија и стана прв играч во историјата на НБА лигата кој успеал да оствари учинок од минимум 25 поени и 10 асистенции на првите два меча во нов тим. Ама не е убаво вака да му правите на човекот.
Џа Морант во моментов е можеби најдобриот кошаркар во најсилната лига на светот. На 22 години прави дар-мар и секоја втора вечер поставува некој нов рекорд. Синоќа неговиот Мемфис со 1181-105 го совлада Сан Антонио Спарс а Џа Морант постигна неверојатни 52 поени! Имаше луди забивања и акробации во ФеДекс Форумот во Мемфис.
Во други околности ова ќе беше гол за величање, бидејќи исфрли четворица од игра во стилот на Меси, ама Алексеј Миранчук демонстрираше јасно што е најважно во моментов.
Европската ракометна федерација ги суспендираше руските и белоруските екипи од сите натпреварувања кои се под нивна капа. И машки и женски. Истото важи и за репрезентациите.
Кога Леброн Џејмс ги броеше играчите кои ги одбрал во неговиот тим за Ол стар, Стефон Кари го најави како најдобар шутер во историјата на НБА лигата. Да видиме на што мисли.
Шпанскиот тениски ас годинава е во топ форма со 15 победи на 15 натпревари и веќе три освоени турнири. По Австралија опен на кој стигна до рекорден 21 Гренд слем, го освои и турнирот Акапулко во Мексико откако во финале го совлада Британецот Камерон Нори со 2:0. Надал е најмлад (18 години) и најстар тенисер (35 години) кој победил на овој турнир. Уште од дете бил свесен како се стигнува до врвот.
Шериф Тираспол беше најголемо изненадување во еврокуповите. Откако ги елиминираа Црвена звезда и Динамо Загреб и за првпат во клупската историја се пласираа во Лига на шампиони, таму направија сензација откако славеа над Реал на Анчелоти среде Мадрид.
Ако на некој фудбалер меѓу ветераните дефинитивно не му се седи дома, тоа е легендата, иконата и симболот на позицијата голман, Џиџи Буфон. Човек кој не знае за доста и кој постојано ги поместува границите. Човек кој брани неверојатни 27 години, од 1995-та. Неверојатно.
Челси и Ливерпул одиграа супер финале на англискиот Лига Куп но им фалеа само голови. На крајот на пенали славеа црвените и тоа во најдолгата серија во едно финале на англиски Куп. 11-10 за Ливерпул. Промаши голманот на Челси Кепа. А во текот на мечот Колумбиецот Луис Дијаз го имаше најдобриот потег за најавни шпици.
Главниот град на Србија, после четири години, повторно ќе биде домаќин на завршницата на елитната европска клупска кошарка. Најдобрите четири тима од Евролига ќе се сретнат во Белград во месец мај.
Ако минатиот пат рековме дека и на газот има очи, тогаш ова што е? Американците го опишаа како no-look pass with spin. Неверојатен е човеков со додавањава.
И додека многу спортисти, клубови и федерации ги осудуваат нападите на Путин, а ФИФА им реди санкции, на Светски Куп во Финска го прашуваат рускиот скијач Вјачеслав Барков за војната во Украина, а тој мртов ладен вели дека тоа било спасувачка операција.
Тука е тешко да се сконта кој се брани, а кој напаѓа, а не па да се донесе правилна судиска одлука од прва. Во судиското продолжение на мечот Специја - Рома, не се знаеше кој пие, а кој плаќа пред голот на домаќините.
Јирген Клоп стигна до петтиот трофеј како тренер на Ливерпул и сите пет му се различни: Премиер лига, Лига на шампиони, Супер Куп на Европа, Светско клупско првенство и сега Лига Куп. Овој последниот најнеатрактивен, ама сладок како за прв пат и тоа против европскиот првак Челси на пенали.