Offside

Во дербито на 10. коло од Серија А, фудбалерите на Милан убедливо со 3:1 го совладаа градскиот ривал Интер со сјајна партија на младиот Диего Мореира кој имаше две асистенции и прекрасно ремек-дело од слободен удар. 207. лигашко дерби ќе се памети по тоа што дури четири гола паднаа во прв дел.

Поенот на денот во изведба на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ по 19-ти пат по ред го совлада Гаел Монфис и со него има учинок 19-0. Во Синсинати Ноле лесно се справи со Французинот 6:3, 6:2 и сега во 1/4 финале го очекува Американецот Тејлор Фриц. На дуелот со Монфис Ѓоковиќ имаше неколку врвни потези.

Чиј претставник е Струга Трим Љум, македонски или албански?

Како нов клуб формиран 2015-та, ја освоија титулата и минаа три пречки во дебитанската сезона во Конференциска лига за да обезбедат плејоф битка со Брејдаблик од Исланд. Сè тоа фино, ама треба да се потсетуваме дека се работи за шампион на Македонија, кој благодарение на учество во македонската лига се бори за излез во Европа? Истиот фазон како со Шкупи и Шкендија.

Неодбранлива мајсторија од слободен удар

Во трето коло од лигата на Еквадор, Универзидад Католика и трет пат играла нерешено. Овојпат 2-2 против Аукас. Резултатот го отворил Грегори Анангоно со прекрасен гол од слободен удар. Мајсторија.

Краток хаос во Марибор предизвикан од турски и словенечки навивачи

По лежерната победа од 3-1 во Истанбул, Фенербахче и синоќа на реваншот во Словенија го совлада Марибор со 0-3 и со вкупен резултат 1-6 оди во плејофот за Лига Конференции. Мечот беше во прекин поради нереди на трибините.

Го имаме ли голот број 1 во Конференциска лига?

Се комплетираше третото квалификациско коло во европските натпреварувања по кое следува уште плејоф, каде ја имаме Струга. Спартак Трнава го елиминираше Лех Познањ. Милан Ристовски влезе во 79-та. Мајсторијата која го одбележа мечот и вечерта е ремек делото на дефанзивецот Лукаш Штетина. Кој знае колку е голем ќеифот кога ќе ти успее вакво нешто како бек.

Како изгледал поздравот на Нејмар во ПСЖ?

Бразилската ѕвезда заминал во позитивна атмосфера, со прегратка од цел тим и шпалир за крај. Нема љутиш за богатиот трансфер во Ал Хилал. Замина со големи успеси изразени во бројки: Вкупно 13 трофеи за 6 сезони и 118 гола на 173 настапи.

Топ асистенција на Џани Алиоски, растураат со Ријад Марез

Богатиот Ал Ахли од Саудиска Арабија полека влезе во ритам и новите врвни засилувања се воиграа. Денес тимот на нашиот Езџан Алиоски славел втор триумф во 2. коло на саудиската лига, на гости 1-3 кај Ал Калиџ. Голови дали новајлиите Роџер Ибањез и Ријад Марез а на новодојдениот бразилски стопер од Рома му асистирал нашиот репрезентативен бек.

Убав гест на Жозе Мурињо во Тирана

Во генералка пред почеток на новата сезона во Серија А, Рома гостуваше кај Партизани Тирана и победи 1-2 со головите на Стефан Ел Шарави и Белоти. Во 80' минута од мечот се повредил домашниот фудбалер Прека а тренерот на Партизани веќе немал резервни играчи на клупата зошто сите влегле во игра. Мурињо тогаш решил да направи фер потег.

Најава за ЕП во одбојка со претставување на Скопје како домаќин

Италија, Бугарија, Израел и Македонија ќе бидат домаќини на најдобрите 24 европски селекции во одбојка во периодот 28 август - 16 септември. Натпреварите во Скопје ќе се играат од 30 август до 6 септември. Пренос ќе врши МТВ.

Кога агентите и родителите на фудбалерите ги упропастуваат трансферите

Последниот таков пример е со 21 годишниот Лазар Самарџиќ, кој поради преголеми барања и мешања на агенти и членови на семејството, остана без потпис за финалистот во ЛШ.

Листата со благодети за Нејмар да ти била многу подолга, Арапите немаат мерка

Шпанскиот весник АС излезе со најнова, перверзна листа на работи кои бразилската ѕвезда ќе ги добие во Саудиска Арабија.

Госпоѓо, вие цело време имитирате звук на пчела додека сервирам?

Го имаме најјакото комично парче во тенисот кое се случи на мечот меѓу Стефанос Циципас и Бен Шелтон на турнирот во Синсинати. Гркот има мака со сервирање, бидејќи некој од зад грб постојано му прави „бззззз“. Пријавува кај судијата, а потоа бара да открие кој е. Се работи за госпоѓа од прв ред, која му призна и му се извини дека нема веќе да го ремети. Еден па ја издаде, покажувајќи ја со прст. Цепки. Инаку Циципас победи 2:0.

Прво коло во Шпанија и веднаш извонредна интервенција на Столе прогласена за број 1

И покрај тоа што зборуваме за една од најсилните лиги во светот, со голема конкуренција, првиот голман на Македонија блеска и одново стартува силно во новата сезона. Уште во првата топ 5 листа на колото го има и тоа на позицијата број 1. Тргна победнички со Рајо, 0:2 на гости против Алмерија.

Почнува Светско првенство во атлетика - што ќе биде интересно да се гледа?

Од 19-ти до 27-ми август во главниот град на Унгарија Будимпешта ќе се одржи Светско првенство во атлетика, еден од најголемите настани летово заедно со Мундијалот во кошарка и во женски фудбал.

Бугарите купија клуб во Македонија кој ќе се вика „Јунак“

Истиот лик кој им се понуди и беше одбиен од Вардар и Брегалница Делчево, купил македонски третолигаш од Источна Македонија кој не сака да го открие и кој ќе се преименува во Јунак. Се работи за претседателот на бугарската фондација Македонија, Виктор Стојанов. Клубот ќе биде финансиран со помош на фондацијата, а поддршка очекува да имаат од бугарски навивачи. Ќе целат на пласман во втора лига.

Влатко Андоновски замина од клупата на САД, го бараат разни клубови

Четириесет и шест годишниот Скопјанец Влатко Андоновски кој е пославен во американската отколку во домашната јавност, си оди од клупата на женската репрезентација на САД.

Јапонска вештина од слободен удар за заборав

Генијалната комбинација од слободен удар се случува на натпревар помеѓу две академии, јапонска против онаа на Нордсјеланд од Данска. Има голем потенцијал да се рашири низ цел свет.

Судиите свират пенали кога тие сакаат

Универсидад Католика vs Коло Коло во натпревар од Купот на Чиле. Некој овде при очи се прави слеп.

Сити за првпат во клупската историја освои пехар во Суперкуп

Пенал рулетот е така наречен затоа што е навистина рулет и секој секого може да победи. Манчестер Сити минатата недела го загуби финалето на Комјунити Шилд во Англија од Арсенал на пенали, а синоќа имаше среќа во Супер Купот на УЕФА против Севиља.

И Ромарио не беше за машала

Ромарио ти е легендарно и култно име, симбол на Бразил, кој најмногу се прослави на Мундијалот 1994, кога стана светски првак. Беше прогласен за најдобар играч на првенството, како и играч број 1 во изборот на ФИФА. Постигна над 700 гола во кариерата, а од 2010-та гради политичка кариера. Покрај фудбалот тераше многу ќејфови и надвор од терен, а го биваше и за глупости.

Интелигенција од потег на Карлос Алкараз

Во меч кој траеше околу 3 часа, шпанската атракција го елиминираше Австралиецот Џордан Томпсон со 7:5, 4:6, 6:3 и обезбеди осминафинале на мастерсот во Синсинати. Потребно е знаење и многу осет за ваков поен во тенисот.

Махер на колото за 820.000 денари

Прилепчанецов не е нешто арен. Одбрал седум утакмици, две од Бугарија втора лига, потоа Узбекистан, Литванија, Иран и Португалија младинци. Сите седум ги фатил X-X на две ливчиња. Една му завршила 1:1, а сите други 0:0.

На 17 години кохонес ко да е Тоти

Рони Бардгџи е интересно фудбалско име. Има само 17 години. Роден е во Кувајт од каде во 2012-та доаѓа со семејството во Шведска. Во 2020-та се сели во Копенхаген и за овој клуб станува најмладиот дебитант во историјата. Набрзо стана и стандарден првотимец. Синоќа го реши пенал рулетот во Прага против Спарта на најлуд можен начин - со паненка.

Нејмар, некомплетниот и недовршениот гениј на неофудбалот со 600 милиони евра од договори

Неговите трансфери беа историски етапи за фудбалската индустрија, помеѓу луди сцени, истраги и долгови. Бразилецот, совршено сместен во ѕвездениот систем заработи цело богатство.