Интер доживеа лето со големи одбивања. Врати им треснаа в лице играчи како Лукаку и Скамака, а тоа се ситуации кои оставаат очигледни лузни.
Постои и едно „не“, можеби најнеочекувано според времето на случување, за кое тешко е да се препише одговорност на клубот. Тоа е она на Самарџиќ.
ПОСТИГНАТ ДОГОВОР
Интер го дефинираше трансферот на младиот Србин со сите детали и го затвори прашањето околу купувањето на играчот од средниот ред на Удинезе, обезбедувајќи го истовремено Фабијан во спротивен правец.
Договор падна и со неговиот агент Рафаела Пимента. Сè беше во ред, до толку што Самарџиќ пристигна во Миланo и ги помина и медицинските прегледи.
Во моментот кога требаше да го стави потписот, кој ќе значеше договор со нероаѕурите, се прекина процесот. Тоа се случи затоа што на сцена се појави таткото на фудбалерот. Доволно беше само да седне на маса со раководните лица на Интер за од непреченото преговарање да настане хаос.
ИЗБОРОТ НА ТАТКОТО
Самарџиќ сениор ја тргнал Рафаела Пимента од преговорите и се појавил со нов агент, за подоцна да се појави и трет, а од агенти и нивните барања, нема крај.
Тој побарал да се преиспитаат договорените услови на неговиот син, момент што донел нервоза кај Интер каде почувствувале потценување.
Во една таква тешкотија, сепак раководните луѓе на клубот имале сила за да се држат до својата линија и да не попуштат пред многубројното принудување на семејството и агентите.
Договорот постоел, а за да се исполни во целост, барањата на семејството на Самарџиќ биле мала корекција на платата.
Не секогаш може да попуштите на барањата кои изгледаат како уцена. И овој пат Интер не го направи тоа, по цена да ризикува да загуби талент.
САМАРЏИЌ НЕ Е ЕДИНСТВЕН ПРИМЕР
Случајот со Самарџиќ е потврда дека агентите и родителите комбинираат катастрофи кои кога ќе се измешаат, смесата може да стане експлозивна.
Имаме многу такви. Мајката на Лукаку и мајката на Рабио, која изгледа малку омекна летово со Јувентус, веројатно само затоа тоа што немаше подобра понуда.
Многу татковци, браќа, сопруги, чичковци, братучеди, често како аматери се лизгаат во прогеворите во обид да извлечат финансиска корист за возврат, така што цела фамилија може да има корист од талентот на играчот.