Нејмар е амблем на неофудбалот посветен на глобализацијата и бизнисот. Секој пат кога се преселуваше од еден во друг клуб, мобилизираше огромна сума на пари што предизвикуваше пресврти и во добро и во лошо. Со само еден неприкосновен победник. Самиот тој.
Последниот дриблинг, бегството во Елдорадо, Саудиска Арабија, ќе му донесе плата од 90 милиони евра од сезона, пари кои ќе се дуплираат со бонусите и низата комерцијални договори.
Само Кристијано Роналдо со оние 200 милиони по сезона доби подобар третман. Нејмар во текот на кариерата потпиша договори кои одбележаа една ера во една неверојатна прогресија.
Од Сантос до Барселона
Кога во 2013-та слета во Европа од Сантос, успеа да обезбеди договор со Барселона со гарантиран минимум од 46 милиони за 5 години, вклучително и 8,5 милиони за тоа што ја преферирал Барса пред Реал Мадрид.
Значи 9 фиксни милиони по сезона плус серија на бонуси откриени од Football Leaks, како 673.000 евра за пласман во ЛШ, до 850.000 евра за титула во Ла Лига.
Тој трансфер, згора на тоа стигна да биде истражуван поради претпоставка на прикривање на реалната сума на трансакцијата помеѓу Сантос и Барселона, со фондот Дис како трето тркало.
По речиси 10 години заврши со ослободителна пресуда.
Нејмар во Барселона остана четири сезони за време на кои ја освои тројната круна во 2015-та и имаше одлични партии, како на пример двата гола и асистенцијата во последните 8 минути од неверојатниот кам бек против ПСЖ во ЛШ. Пред сè, избра да остане во сенка на Меси.
Рекордна клаузула
Во 2017-та, Нејмар го направи најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, а тоа се оние 222 милиони евра со кои Барселона му го остапи на ПСЖ.
Едноставно им ја фрлија ракавицата на чуварите на фудбалската традиција на Стариот континент, со невидена сума исмејувајќи го финансискиот фер плеј на УЕФА.
Петгодишнен договор со ПСЖ вреден 30 милиони по сезона плус бонуси, како и провизија од 40 милиони за татко му како агент, кој отсекогаш ги насочувал сите избори на својот син уште од мал.
Со оглед на тоа што во Париз остана и шеста година, Бразилецот има заработено и бонус за верност од 35 милиони евра. Добар бизнисмен, разочарувачки како играч.
За време на неговиот престој во француската престолнина, Нејмар доживеа повеќе падови отколку подеми, помеѓу повреди, кавги и постепено одвојување од општеството и околината, до крајот на последните неколку часа.
Последната арапска дестинација
„Се наоѓам во Саудиска Арабија и сум дел од Ал Хилал“. Со овие зборови на социјалните мрежи Нејмар го соопшти својот најнов трансфер. ПСЖ, кој плати 222 милиони евра за него, ќе добие 80 милиони плус бонуси.
Технички, ќе оствари добивка во финансиската година 2023/2024, со оглед на тоа што трошоците беа амортизирани за четири години, но секако дека инвестицијата не им ги оствари очекувањата.
Целиот проект на ѕвездениот тим, од Нејмар до Меси и Мбапе, се покажа како фијаско, и спортски и економски. Помеѓу 2019 и 2022 година, ПСЖ акумулираше загуби од над 700 милиони.
За Нејмар тоа не донесе проблеми, кој однесе дома фараонски договор. Откако собра над 250 милиони од плати во својата европска деценија, помеѓу Барселона и ПСЖ, поранешната ѕвезда на Сантос се подготвува да се наполни во банка на Блискиот Исток.
На крајот на неговата саудиска турнеја ќе стигне до вкупна сума од над 600 милиони евра од договори.
Не е лошо за еден од најголемите протагонисти на фудбалскиот ѕвезден систем на современата ера, многу популарен меѓу младите, оспоруван од спонзорите, со лошо прикриено чувство на некомплетност на своите 31 година.