Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Нов глуп потег на летонска тенисерка со Азаренка

Синоќа на турнирот во Катар после мечот меѓу Викторија Азаренка и Јелена Остапенко кој го доби Белорусинката убедливо 6:0, 6:3, Летонката одби да се ракува па уште понавредливо само рекетот го пружи. Многумина посомневаа дека и ова е уште еден во низа глупи потези на одредени тенисери и тенисерки да игнорираат руски и белоруски колеги и колешки, но Остапенко годинава на две средби веќе се ракуваше со Азаренка па чуди синоќешниот глупав гест.

Надал: „Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња“

Легендарниот шпански тенисер и еден од најголемите спортисти во историјата во интервју за Ел Објетиво признал дека Новак Ѓоковиќ е број 1 на сите времиња во белиот спорт и објаснил зошто.

Мајсторски гол на Роналдо, нова прослава и клупски настап број 1.000

И Кристијано Роналдо синоќа имаше натпревар во Лига на шампиони, ама во азиската каде му донесе минимална победа на својот тим.

Генијалниот Сари го скроти Баерн, Минхенците без шут на гол

На преполниот „Олимпико“ во Рим, во првиот меч од осминафиналето од Лига на шампиони, Лацио го совлада Баерн Минхен со 1:0 и обезбеди пристоен резултат пред реваншот во Баварија. ПСЖ рутински со 2:0 го реши Реал Сосиедад.

Скок во базен на 100 годишник на Светското првенство во Доха

Таги Аскари од Иран учествувал на првите Азиски игри во 1951 година каде освоил сребрени и бронзени медали. На последниот натпревар пред пензија освоил злато кога имал 41 година. Еве го жив и здрав и на СП 2024 во Доха, како специјален гостин и тоа со скок на 100 години. Неверојатно.

Кога Стеф Кари како мал го гледал татко му на Ол-Стар

Стеф Кари со 4 шампионски титули, 2 МВП награди за најдобар играч во НБА, 10 учества на Ол-Стар, број 1 тројкаш во историја на лигата, важи за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Денес на 35 години и натаму е неверојатен шутер и дриблер и го води својтот Голден Стејт Вориорс чиј член е цели 15 години!

Волкановски со врвно видео им одговори на оние кои го сметаат за стар

Александар Волкановски на 17 февруари во Анахајм ќе се бори против Илија Топурија и тоа ќе биде негов шести обид за одбрана на титулата. 36 годишниот Алекс го нарекоа „стар“ пред битката со осум години помладиот противник. Ова е неговиот мангупски одговор.

Го бркаат Алегри преку билборд на Тајмс Сквер во Њујорк

На местото кое многумина го сметаат за епицентарот на светските случувања, некои дечки навивачи за Јувентус решиле да си откупат билборд (рекламен подвижен) и на него да напишат парола: „За да се врати Јувентус, Алегри аут!“

Никола Јокиќ не можеше, ама Никола Јовиќ го скроти Антетокумбо

Српскиот репрезентативец Никола Јовиќ (20) беше ѕвезда во победата на Мајами Хит на тешкото гостување кај Милвоки Бакс и тоа преубедливо 123:97. Ова е само ден откако Јанис Антетокумбо го победи шампионот Денвер Нагетс кој играше речиси цел меч без Џамал Мареј и Кентавиус Поуп.

Орландо Меџик го слави Шекил О'Нил, првиот играч на кој му го повлекува дресот

Легендарниот број 32 на Орландо за кој останувавме и без спиење во 90-те поради една финална серија против Олајџувон и бандата, оди во историјата.

Ти му збориш за Реал тој ти нуди пази: Приватно финансирање без брз плик

Меѓу фудбалските дебати под нашите статии кои од синоќа се разгорени за поништениот гол на Лајпциг, под видеото за фаулот на Карвахал се појави чудна понуда од чуден профил упатена до наш читател. Одговорот кој го доби е класика и скроз на место.

Јаки тренерски имитации

Нигерискиот комичар Чуквудике Чијоке познак под псевдонимот Iamdikeh има интересно видео со имитација на познатите европски тренери. Ги скинал добро Пеп, Анчелоти, Клоп, Тен Хаг и други.

Додека се играше Лига на шампиони, во Англија паднал чудесија од гол

На мечот Ротерам - Хал Сити во англискиот Чемпионшип, гостите победиле 1-2 после пресврт направен во само четири минути од 71-ва до 75-та минута. Израмнил младиот 22-годишен Џејдон Филоген после голема мајсторија. А голот никој не знае зошто му е препишан како автогол на Камерон Хамфрејс.

Анри објаснува зошто е праведно поништен голот на Лајпциг

Многу полемики предизвика поништениот гол на Лајпциг уште во 2 минута од осминафиналето против Реал. Нејаснотиите произлегоа од кој друг ако не од судијата и заспаните колеги во ВАР собата кои често сезонава прават грешки. Овде не е проблематична позицијата на стрелецот Бенџамин Шешко, туку на Бенџамин Хенрикс кој од офсајд позиција го турка малку голманот, доволно за поништување на голот.

Душманскиот старт на Карвахал кој помина без фаул

Судијата Ирфан Пељто од Босна и Херцеговина немаше добра арбитража на мечот РБ Лајпциг - Реал Мадрид. Направи неколку грешки меѓу кои најголема му е онаа кога не досуди ниту фаул а камоли да покажеше картон во најмала рака жолт за Дани Карвахал во дуелот со Чави Симонс уште во првиот дел при резултат 0:0.

Сите одбрани на анонимниот Украинец кој блесна на голот за Реал

Реал Мадрид во Германија отпатува драстично ослабен во одбрана без Рудигер, Алаба и Милитао, како и без Куртоа. Ама затоа можат да бидат горди на нивниот трет голман, 25 годишниот Андриј Лунин кој одигра перфектна партија и тоа на дебито на нокаут меч во ЛШ. Сè им фати на домаќините и забележа дури 9 одбрани, колку имал само Куртоа во последниве осум сезони.

Соло мајсторија на Брахим Диаз за победа на Реал, Сити со една нога е во четвртфинале

Во отворен меч со многу шанси и дури 9 удари во рамки на гол на Лајпциг, наспроти само 3 на фаворитот Реал, сепак пресуди искуството на кралевите кои пред реваншот во Мадрид обезбедија минимално водство од 0:1. Диаз се истакна со велеслалом. Елмас влезе во 75 минута. Манчестер Сити има одлични 1:3 од гостувањето во Копенхаген.

Зарем не е ова чист гол за Лајпциг?

Осминафиналната пресметка меѓу Лајпциг и Реал Мадрид заврши без голови по првиот дел, но веќе во 2 минута од мечот бевме сведоци на чудна судиска одлука. Бенџамин Шешко постигна гол кој на повторената снимка изгледа целосно регуларен, со оглед на неговата позиција, но со помош на ВАР главниот судија досуди офсајд. Твитерот веќе гори и ова е многу контроверзна одлука за која некој ќе треба да даде објаснувања и одговори. Елмас е на клупа.

Пандев: Кај нас почнаа да се мешаат претседатели и менаџери за да продаваат играчи

Во вториот дел од гостувањето на Горан Пандев во емисијата „Еден на еден“, легендата отворено зборува дека на гостувањата на македонската репрезентација било поважно во авион да има место за членовите на управниот одбор на ФФМ, отколку за масерите. Бил снимен документарец за историскиот успех на Македонија, ама вели дека никогаш не го пуштиле бидејќи во него ги има Горан, Мрме, Стефан и други.

„Хајнекен наздравува за вистински посветените навивачи: А кои се тие?!

Елиминациската фаза од Лигата на шампионите почна паралелно со новата кампања на „Хајнекен“, во чијшто фокус е освежување на дефиницијата за поимот „закоравен навивач“, кој во минатото често имаше негативно значење, но со постојната фудбалска платформа на „Хајнекен“ – „Посвеж фудбал“ (Fresher Football), станува поширок и попозитивен.

Ферари го претстави новиот болид за 2024 - ќе грми на патеките

Еден од најголемите тимови во Формула 1, Скудерија Ферари го претстави својот нов болид за новата сезона 2024. Болидот не наликува на неговите претходници и во Ферари сметаат дека е апсолутно најдобар досега. Новата сезона почнува со трка за Големата награда на Бахреин закажана за 2-ри март. Новиот болид на Ферари ќе го возат членовите на овој тим Карлос Саинц и Шарл Леклер кои ќе пробаат да ги тргнат од тронот Ред Бул и Макс Ферстапен.

Сонот од детството на наш човек да се биде на меч од Премиер Лига

Го посетил третиот најголем стадион во Англија, тоа е оној на Тотенхем кој собира 63.000. Пази пивото го точат на дугме и тоа од доле, а второто изненадување кое ќе го видите е навивачот со необична разонода на полувреме, нешто што е најнормално кога си залежан на плажа.

Големо интервју на Елмас за шпанска Марка: „После врелите Истанбул и Неапол, потешко е во студена Германија“

Во ексклузивно интервју за шпанскиот медиумски гигант Марка, Елиф Елмас прави осврт на тоа како се навикнува на студените Германци, нивната дисциплина и прецизност по врелите Истанбул и Неапол и зборува за вечерашниот спектакл во Лига на шампиони меѓу неговиот Ред Бул Лајпциг и Реал Мадрид.

Јанис го разби Денвер па го закачна и судијата со пешкир

Милвоки Бакс ја забележа и 35-та победа во сезоната и со 17 порази е на високото трето место во источната конференција во НБА. Шампионот од 2021-ва синоќа го совлада Денвер на Никола Јокиќ со 112-95, а Јанис Антетокумбо имаше луд меч со 36 поени, 18 скока (најмногу сезонава), 5 асистенции, 3 украдени топки и 2 блокади. Покрај него голем удел остварија уште и Дамијан Лилард со 18 поени и Боби Портис Џр со 13 поени. Кај Нагетс Јокиќ блескаше со 29 поени, 12 скока и 8 асистенции но немаше баш никаква поддршка од соиграчите.