ПСЖ стана шампион на Франција, може ли да освои историски квадрипул сезонава?

Фудбалерите на ПСЖ ја продолжија хегемонијата во француската Лига 1 откако синоќа со освоен бод на домашен терен против Ле Авр (3:3) во 90+5’ минута и теоретски ја заверија титулата во што им помогна и Лион со триумф над Монако.

Пари Сен Жермен на три кола пред крај стана шампион на Франција. Благодарение на поразот на Монако од Лион, Парижаните и математички се први и покрај ремито 3:3 во 31. коло од Лига 1.

Со 12 бода пред Монако на три кола пред крај екипата на Луис Енрике е шампион 12-ти пат во својата клупска историја.

ПСЖ уште минатата сезона се одвои на листата на тимови со најмногу шампионски титули. Сент Етјен е втор со 10 а Олимпик Марсеј е трет со 9. За последните 12 сезони ПСЖ ја освои Ла Лига дури 10 пати. Неочекувано ја изгубија титулата во 2017-та кога Монако го крена шампионскиот пехар а во 2021-ва Лил сензационално пред нив помина на целта.

Ова е 10-та шампионска титула за ПСЖ откако катарските шеици станаа сопственици на клубот во 2011-та година. Парискиот гигант има уште и 14 пехари од Купот на Франција, 9 од францускиот Лига Куп и 12 во францускиот Супер Куп.

Тимот од француската престолнина сезонава изгуби само еднаш во домашното првенство и тоа од Ница 2:3 во септември лани, а од тогаш има 25 меча без пораз. На гости интересно не претпреа ниту еден пораз. Ако успеат да стигнат до крајот на првенството без ниту еден пораз, ќе постават нов рекорд затоа што во сезоната 2015/2016 имале само два порази.

ПСЖ постигнал дури 18 гола повеќе од најблискиот следбеник Монако (76 наспроти 58). Од октомври до декември ПСЖ имал победничка серија од 8 меча по ред. Тогаш од петто место се пробија на прво место и ја запоседнаа пол позицијата. Тогаш и ги победија Марсеј со 4:0 и 2:0 и Монако 5:2.

Килијан Мбапе е најдобар стрелец во првенството во моментов со 26 гола (во тимот после него е Гонсало Рамош со 11 гола). Усман Дембеле е најдобар асистент во ПСЖ со осум успешни додавања.

Килијан стана и шесткратен шампион на Франција но му треба уште многу за да го стигне Марко Верати кој има неверојатни 9 шампионски титули во Лига 1. Ова ќе биде и трета титула на Луис Енрике во тренерската кариера (има две во Шпанија со Барселона) а вкупно 11-ти трофеј во кариерата како тренер.

МОЖЕН Е ИСТОРИСКИ КВАДРИПУЛ

И покрај тоа што е многу силно потценуван во Лига на шампиони, ПСЖ има страшна екипа кадарна да победи секого и секаде.

Половина од зададената луда цел да освојат 4 шампионски пехари во сите турнири им е успешно помината. Освоија титула, во јануари освоија Суперкуп откако го совладаа Тулуз со 2:0 а сега им следу борба за уште два трофеи: третиот ќе може да го освојат во финалето на Купот на Франција - на 25. мај играат со Лион.

Во Лига на шампиони ги чека полуфинале со Борусија Дортмунд (првиот меч во среда на гости).

„Без сомнение ние сме мотивирани да го сториме тоа што не го направил ниту еден француски клуб во историјата, за да влеземе во историјата на нашиот клуб, град и земја. Ова не мотивира, но во моментов имаме само една титула (Суперкуп на Франција), должни сме да го освоиме првенството и да продолжиме да се бориме за трофеите во сите натпреварувања. Тоа е уште долг и тежок пат“, рекол Луис Енрике пред мечот со Ле Авр.

ПСЖ до крајот на Лига1 има три меча: ги чека Тулуз, Ница и Мец. Првите немаат веќе никакви задачи, комотни се на средина на табела, вторите се борат за место во еврокупови а третите се борат за опстанок.

Притоа треба да се напомене дека ПСЖ меѓу дуелите со Борусија Дортмунд нема да настапува во Лига1 а потоа ќе ги доиграат сите три кола (од 11-ти до 19-ти мај).

29 април 2024 - 10:05