Вистинска љубов кон клубот е кога во трета лига ќе одиш сам на гостување

Направете му статуа, стои во еден од коментарите за навивачот кој се најде сам на трибини да ги бодри своите на гости.

Трета лига кај нас асоцира на терен со крави и без трибини, местење, тепање судии и сл. Но во Франција друга е прикаската.

На мечот меѓу Нанси и Ле Ман забележан е само еден навивач кој се наоѓа во гостинскиот сектор со дрес и знаме закачено на оградата.

Се работи за навивач на Ле Ман кој се спотерал сам да оди на гостување за да го бодри францускиот третолигаш.

И тоа не е ова патување од типот на Скопје - Куманово, туку гостување за кое во два правци му биле потребни скоро 1.000 километри.

Нема навивач на интернет кој не бара од клубот да го награди навивачот за овој негов подвиг.

Едни бараат да му се даде бесплатна годишна карта, а други бараат клубот да му подигне статуа.

Едно е сигурно, а тоа е дека играчите „го наградија“ и тоа со триумф од 3:6.

Најјакото е што до него има и обезбедување. Демек беља да не направи.

29 април 2024 - 14:29