Како за 60 секунди да станеш херој на најголемо дерби?

Виктор Ѓекереш е најинтересниот фудбалер од сенка во најдобрите Топ лиги во Европа сезонава. Унгарецот кој игра за репрезентацијата на Шведска го води Спортинг Лисабон кон нова титула во домашното првенство. 

Овој 25-годишен центарфор имаше просечна кариера во скромни клубови како Сент Паули, Свонси Сити и Ковентри Сити. Во јули лани во 2023-та доаѓа во Спортинг и започнува неговата ренесанса.

На 46 меча во сите натпреварувања за Спортинг Лисабон сезонава има 40 гола и 16 асистенции што е вистинско чудо.

За неговиот луд осет за гол говори и големото дерби меѓу Порто и Спортинг играно во неделата вечер. Од нејасни причини гостинскиот тренер Рубен Аморим го оставил својот најдобар игач на клупа за резерви.

Го става на почеток на вториот дел. Порто тогаш води 2-0 за да прво во 87 минута и 29-та секунда Ѓекереш намали на 2-1 а во 88-ма минута и 29-та секунда да ги постави конечните 2-2.

Буквално во една минута му донесе злато вреден бод на Спортинг Лисабон кој е прв на табела со 81 бод пред Бенфика која е втора со 76 бода на три кола пред крајот од првенството.

Спортинг на 26-ти мај го чека и големото финале на Куп на Португалија против Порто.

На светската листа со најдобри стрелци во сите првенства води Хари Кејн со 35 гола и 10 асистенции на 31 меч во Бундеслига. Втор е Холанѓанецот Лук де Јонг со 27 гола и 14 асистенции на 31 меч, Кристијано Роналдо е трет со 29 гола и 10 асистенции на 26 меча за Ал Наср во саудиската лига. Виктор Ѓекереш е четврти со 26 гола и 10 асистенции на 30 меча во португалската Примеира лига.

Standings provided by Sofascore
29 април 2024 - 11:03