Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Виктор Вембанјама направи уникатен трипл дабл со 10 блокади

Сан Антонио Спарс се последни на табела во Западот и конечно успеаа да победат со историска партија на дебитантот за која зборува цела НБА.

Лука „трипл-дабл“ Дончиќ

Далас Маверикс игра во одлична форма а доказ за тоа е петтиот триумф по ред, овојпат на домашен терен против Вашингтон Визардс славеа 112:104. Лука Дончиќ и повреден и сошиен на паркетот имаше 26 поени, 11 скока и 15 асистенции. Ова е дури десетти трипл-дабл учинок на Дончиќ односно 68-ми во регуларниот дел од сезоната откако е во НБА.

Заедништвото кое го води Леверкузен до титула

Иако е уште многу многу рано да се даваат какви било прогнози за шампионскиот пехар во Германија затоа што има да се игра уште многу, сепак факт е дека она што некогаш го красеше сензационалниот Лестер со Раниери во Премиер лига, го краси и Баер Леверкузен во Бундеслига.

Јокиќ дома прво те пречекува со ракија, па после ги гледаш МВП пехарите

Дваесет и едно годишниот кошаркар на шампионот Денвер Нагетс, Пејтон Вотсон имаше среќа и чест да биде дел од тимот кој Никола Јокиќ го одведе до титулата во 2023-та година. Вотсон во еден разговор во локален подкаст раскажува за тоа како поминал на гости кај Јокиќи.

Фудбалер по име Дани Трехо направи шоу во Полска со еврогол во 94-та

Дани Трехо е Мексиканец кој играше со Кјелини и Бејл во Лос Анџелес, а јануари годинава е член на Корона Кјелце на која и донесе победа во судиско на спектакуларен начин.

Има ли јунак што може да ја фати бомбава на Ливерпул?

Ама не е ова англискиот Ливерпул, туку Уругвајскиот. Каков е ова удар мајсторе?

Барди го прекина долгиот пост со прекрасен шајка удар

Трабзонспор ја заврши лошата серија со триумф над Хатајспор, а еден од најзаслужните за победата беше капитенот на Македонија.

Како се отвора солунско кошаркарско дерби?

Нашиот Тодор Тоше Гечевски најдобро од лице место ја има осетено оваа атмосфера на солунското жестоко дерби. Кавадарчанецот беше главен играч на ПАОК едно време па имаше прилика да игра и против Арис на гости во пеколен амбиент. Врие к’о во котел.

Австралија го има најлошото и најнелогично промашување

„Ова никогаш повеќе нема да го видите. Најневеројатното промашување. Веројатно сака да потоне во земја“, вели коментаторот кој одлично го опиша срамот кој го изеде Патрик Вуд од Сиднеј, кој патем игра на позиција напаѓач. Нереално.

Нов кошаркар на Лејкерс би добил отприлика 58 денари ако освојат титула

Новото засилување на ЛА Лејкерс, 30-годишниот Спенсер Динвиди во Лос Анџелес доаѓа од Бруклин Нетс како слободен агент без обештетување, а во договорот со „езерџиите“ има една чудна ставка.

Спектакуларниот финиш на голманот на Еурофарм кој им ја спушти завесата на вардарци

Од спортските викенд возбудувања, најголемо на домашната сцена беше се разбира ракометното дерби во плејофот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое домаќините го добија со 27:21. Словенечкиот голман Урбан Лесјак го заврши на начин со кој ја крена на нозе цела сала во Битола. Статива, па две одбрани за делириум меѓу навивачите.

Сите 10 натпревари во кариерата на Кари добиени со негови решавачки поени

Деталните НБА статистичари ги собрале на куп сите 10 меча од кариерата на Стефон Кари кои тој ги решил во финишот. Секогаш решетал на помалку од 5 секунди до крај, а повеќете му се тројки. Неверојатен снајперист.

Чудесно куцање со небесен скок против Барселона

Барселона ја победи Манреса на гости 77-87 и после 22 кола со 15 победи и 7 порази е трета на табела во шпанската лига зад лидерот Реал Мадрид (19-3) и второпласираната Уникаха (18-4). Каталонците до триумф ги носеа Џабари Паркер со 16 поени, Томаш Саторански со 15 поени, 4 скока и 5 асистенции, Вили Ернангомез и Дарио Бризуела имаа по 12 поени. Токму Ернангомез „искрка“ неверојатно постер-забивање од домашниот играч Девин Робинсон кој со 15 поени беше најефикасен кај Манреса.

Дали ја видовте најлудата асистенција во НБА?

Индијана Пејсерс убедливо го совлада Њујорк Никс 125:111. Најефикасни кај победничкио ттим беа Мајлс Тарнер со 23 поени, 8 скока и 4 асистенции и Тајрис Халибуртон со 22 поени, 3 скока и дури 12 асистенции од кои една неверојатно итра и мудра.

Голман - глумец на годината

На натпреварот меѓу Шлонск Вроцлав, второпласираниот тим од полската Екстракласа и петтопласираниот Погон Шецин, гостите победиле 0-1 и ја направиле трката за титулата во Полска многу интересна. Првопласираните два тима имаат по 41 бод, третиот 36, четвртиот 35. Но друг ни беше муабетот. Гостинскиот голман, Романецот Валетин Којокару имал кардинално глуп обид за глума.

Еврогол на сезоната во полу-аматерски фудбал

На мечот меѓу Чешем Јунајтед и Супермарин во англиската таканаречена седма и осма лига, домаќините славеле 4-0. Рајан Апворд постигнал гол каков што не се гледа никаде често.

Тео во еден момент е бек, во друг момент се претвора во Шевченко и го решава шампионот

Тео Хернандез на Википедија е претставен како еден од најдобрите бекови во свет, што е жива вистина. Зборуваме за ултрамодерен и продорен бек, со страшна брзина и многу моќен шут. Погледнете го колку го едноставно го изведе ова во соработка со Жиру и Леао со трк од 50 метри, си завршница вредна 3 бода против Наполи. 28 гола има постигнато за Милан, а е дефанзивец.

Фергусон сурово искрен за Тотенхем

Тотенхем Спарс му беа еден од најголемите ривали на Фергусон во неговата тренерска кариера. Имаа многу мегдани во Лондон и во Манчестер. На прашање денес што мисли за шансите на Тотенхем некогаш да освои титула, 82-годишниот Ферги има само едно:

Филмска приказна - Брегот на Слонова Коска после триста перипетии стана шампион на Африка

Репрезентацијата на Брег на Слонова Коска ја совлада Нигерија во големото финале на Африкански Куп на нации со 2-1 после пресврт и на домашен терен во Ебимпе, 20 километри од главниот град Абиџан прослави уште една шампионска титула во овој највреден турнир во Африка.

Супербол спектаклот во Лас Вегас решен на три секунди до крај

Канзас Сити Шифс е освојувач на 58-от Супербол во НФЛ лигата, откако славеше против Сан Франциско со 25:22.

Пандев раскажува каква идеја реализирал Станковиќ за прославата на Интер во ЛШ

Што направил Пандев со парите од првите богати договори. Како Дејан Станковиќ ја организирал музиката за прославата кога освоиле ЛШ? Функционирањето на ФФМ во последните 30 години. Ова се дел од темите со нашата најголема фудбалска легенда во вториот дел од емисијата „Еден на еден“ на Канал 5.

Страшна тројка на Кари за победа во последна секунда

Тешко може да се каже дека постои појак тројкаш во НБА од Стефон Кари. Голден Стејт Вориорс имаше само 3 секунди за напад за да избегне пораз од Феникс Санс, а маестралниот Кари во тоа кусо време успеа со луда тројка од 9 метри да погоди и тоа за победа од 113:112 и да ја фрли во транс цела сала. Неверојатен потег.

Дончиќ го исфрли Лу Дорт од игра и го прати во соблекувална

Не можевме да му ги донаброиме велемејасторските асистенции само против Лејкерски од сезоната, за што почнаа и читателите да ни помагаа и ете го пак одлепи, овој пат против Оклахома.

Баер Леверкузен го декласираше Баерн Минхен

Под водство на Шпанецот Чаби Алонсо, Баер Леверкузен игра неверојатна сезона. „Фармацевтите“ во големото дерби со шампионот Баерн Минхен славеа убедливо и лесно со 3:0, се одлепија на 5 бода на врвот на табелата пред Баварците и го запишаа 31-от меч без пораз во сите натпреварувања. Имаат 27 победи и четири нерешени а следниот викенд играат против Хајденхајм на гости.