Што има ново кај Баер Леверкузен?

Едно коло ако не повнимава човек на Бундеслигата може да пропушти нова перверзија од неверојатниот Чаби Алонсо и негови пулени кои се печени за Нетфликс.

Сè е по старо, да не ги мислите. Постигнаа нов гол во продолженија и тоа во 96-та минута за 2:2 против Шутгарт. Сега се 46.

Што 46? Па натпревари без пораз. Луда работа.

До крајот на сезоната имаа уште 6 меча со можност за седми.

Три во Бундеслигата која веќе ја освоија, два против Рома во полуфиналето од Лига Европа и финале во Купот на Германија против Кајзерслаутен кое се игра на 25 мај.

Финалето од Лига Европа се игра на 22 мај. Ги очекуваме и таму.

Веќе не се добројуваат головите во 90-та или 90+.

Само овој може да им ја прекине серијата

28 април 2024 - 14:24