Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Два нови гола на Миовски кој му исполни желба на едно дете

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски игра во неверојатна форма и викендов одново е во фокусот.

Зидан vs Балак, безпоштедно малтретирање

Реал Мадрид - Баерн Минхен. Да не знае човек дали да се чуди на мајсторлукот и стилот на игра на Зидан или да го жали Балак? Си поигра како со забаваче.

Најубавата кореографија во Шведска за 2023-та е од Гетеборг

„Кога ноќта е најтемна, зората е најблизу“ парола под врвна шеталица на која е нацртано бурно море со големи бранови и бродот на ИФК Гетеборг, шведскиот прволигаш.

Стивен Жанг од Интер, најуспешниот претседател во Европа за негови години

Неколку факти за најмладиот претседател во историјата на 19 кратниот шампион на Италија.

5 мајстории на Сон од слободен удар за Кореја постигнати за 20 месеци

Во периодот од 6 јуни 2022-ра до 3 февруари 2023-та, ѕвездата на Тотенхем се претворил во Синиша Михајловиќ против Чиле, Парагвај, Коста Рика, Колумбија и Австралија. Му легнале јужноамериканските држави.

Само што го избраа на Ол стар, таблата ја изделка

22 годишниот Скоти Барнс од Торонто кој сезонава држи просек од 20 поени, 8 скока и 6 асистенции по натпревар, ќе биде дел од Ол стар спектаклот како резерва на Истокот. На мечот против Шарлот кој го добија, тој постигна 18 поени, ама имаше и еден обид за тројка кој сигурно посакува да исчезне од Твитер, Јутјуб и пошироко.

Коби Брајант е вечен

На свечена церемонија пред Крипто арената, Лејкерси ја открија една од трите планирани статуи во чест на легендата Коби Брајант. Излезе и емотивно видео со наратив на Шек.

Лејкерси ја открија статуата на Коби Брајант инспирирана од легендарната партија со 81 поен

Натпреварот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Денвер Нагетс на кој шоуто го украде Лука Дончиќ со асистенцијата на сезоната, имаше емотивна увертира. Откриена е статуата на Коби, една од трите планирани.

Која е песната на која се ежат на „Олд Трафорд“?

Како што на навивачите на Ливерпул им се ежи кожата кога ќе ја слушнат You'll Never Walk Alone која што ја грми цел „Енфилд“, така и на навивачите на нивниот вечен ривал Манчестер Јунајтед кога ќе ја чујат This Is The One од бендот Stone Roses од Манчестер.

Кога ќе кажеш пуши ко Турчин, се мисли и на коментатор Турчин

Турска верзија на Силвестер Сталоне, стои во еден од коментарите за коментаторот кој уво не го боли дали го снима камера или не.

Ѕвезда на Милвоки си читаше книга на сред меч на Бакс

Тиесет и пет годишниот искусен центар Робин Лопез, брат на попознатиот Брук, е трампан од Милвоки Бакс во Сакраменто Кингс за правата на драфтуваниот Грк Димитрис Аграванис и плус пари. Робин Лопез толку бил незаинтересиран за мечот на Милвоки Бакс со Минесота Тимбервулвс (пораз на Бакс 129:105) што си нашол друга занимција.

Нови срамни испади на Роналдо во Саудиска Арабија

На толку трофеи, пехари, Златни топки, документарки, освоени врвови да одиш на залез на кариера во Саудиска Арабија и таму да паѓаш на провокации на навивачи е малку необјасниво. За таква величина како Кристијано Роналдо е несфатливо да прави вакви испади.

Луда асистенција на Дончиќ каква што НБА нема видено сезонава

Само два дена откако растури на гостувањето против Бруклин каде му скандираа „МВП“, словенечкиот кошаркарски ас држеше гостински час по кошарка и во Њујорк. Асистенцијата според некои веќе треба да се прогласи за број 1 за оваа сезона.

Македонија доби коректна група во Лига Нации

Европската фудбалска федерација УЕФА вечерва ја одржа жрепката за новото издание на Лига Нации кое започнува во септември годинава.

Ракометен час по судење со Начевски и Николов

Франција има 25.000 судии, Германија 50.000, а Македонија само 40 судиски парови, од кои 7 меѓународни. Двајца од нив се дел од европската елита, и се неизоставен дел од најголемите ракометни битки. Слушајте ги внимателно во една релаксирана и забавна атмосфера за да сфатите колку се стручни момците.

Душичка, па кажете ѝ бе

На Светското фудбалско првенство за фудбалерки до 17 години, Мароканките со 11-0 ги совладале девојчињата од Нигер У-17. Голманката на Нигер во еден момент заборавила на правилото за гол-аут и топка од игра.

Најчудниот автогол во Бундеслига кој го прими босански голман

Томислав Пиплица имаше солидна голманска кариера. Од Искра Бугојно преку Загреб, Сегеста и Самобор стигна до германски Енерџи Котбус. За овој клуб бранел на 248 натпревари но се памети по автоголот на мечот против Борусија Менхенгладбах во сезоната 2001/2002.

Во Премиер лига поставен нов рекорд за најбрз трк

Мики ван де Вен има 22 години и веќе е стандарден стопер во Тотенхем каде дојде во август минатата година. Младиот Холанѓанец веќе има два настапи за репрезентацијата на Холандија, а на мечот против Брентфорд на 31-ви јануари поставил нов неверојатен рекорд како најбрз играч во Премиер лига. При еден спринт постигнал брзина од 37,38 км/час и тоа е најбрз трк во историјата на англиската лига.

Реинилдо и Гризман со два груби стартови, првиот со две нозе и без памет

Барселона и Реал Мадрид се елиминирани во Копа дел Реј, а натаму тргна и Атлетико кој за пласман во финале ќе има тешка задача во Баскија. Чудни судиски одлуки паднаа во Мадрид.

Жињак на денот

Триесет и осумгодишниот француски центарфор Андре-Пјер Жињак кој во Мексико игра веќе цели девет години, повторно постигна прекрасен гол за неговиот Тигрес, овојпат на почеток на плејофот во северноамериканската Лига на шампиони, против Ванкувер на гости. Жињак од слободен удар во 88’ минута му донесе супер резутат на мексиканскиот состав 1-1 пред реваншот.

Ривер извади ново дете кое стана најмлад стрелец во историја

Во рамки од аргентинскиот Куп Ривер Плата играла против нисколигашот Ексурсионистас и славела 3-0. Ова било прилика тренерот Мартин Демикелис да проба некои помлади играчи, па шанса добил и 16-годишниот Франко Мастантуоно. Овој фудбалер е роден во август 2007-ма година, игра за Аргентина У-17 а влезе во клупската историја на Ривер како најмлад стрелец на гол на своето деби.

Меси направи шоу во Јапонија

Интер Мајами по арапската турнеја во Саудиска Арабија каде играше со тамошните најсилни клубови Ал Хилал (пораз 4:3) и Ал Наср (пораз 7:0), продолжи на турнеја во Азија. Играа со Хонг Конг и победија 1-4 а синоќа на пенали изгубиле 4:3 од јапонски Висел Кобе. Меси влегол во 60-та минута од мечот и правел шоу за сите кои дошле да го видат.

А навивачите на Бока на баскет сте ги виделе ли?

Навивачите на Бока се светски познати за најлудите амбиенти кои ги прават на нивната „Бомбонера“ и каде и да игра нивната екипа. А ретко кога некој ги видел какви се на кошарка. Во сала.

Еврогол на Енцо Фернандез за кој нема чаре

Челси, кој на 25 февруари ќе игра во финалето на Карабао Купот против Ливерпул, ја мина четвртата рунда во ФА Купот откако ја елиминираше незгодната Астон Вила со 1:3. Аргентискиот репрезентативец за кој Сините на Бенфика и платија 107 милиони фунти, се истакна со многу јак слободен удар, кој голманот успеа само да го прочита.