Судија не се поништува ваков гол

Дваесет и пет годишниот ексцентричен Римјанин Џанлука Скамака има мошне интересна биографија. Почнал да тренира фудбал во Лацио па како мал отишол и во Рома. Патот го однел до Холандија и учел вештини во ПСВ Ајндховен и во Јонг ПСВ. После тоа игра за Кремонезе, Цволе, Асколи, Џенова, Вест Хем. Во август 2023-та доаѓа во Аталанта и тоа му е полн погодок.

Скамака во полуфинале на Куп против Фиорентина во победата на неговата Аталанта даде прекрасен еврогол кој може да го видите тука, а еден му поништија. И тоа каков:

Голот бил поништен поради наводен офсајд, а Скамака поради протести добил жолт картон и поради парни картони нема да игра во големото финале против Јувентус на 15-ти мај.

 

25 април 2024 - 11:57