Жоел Ембид - 50

Кошаркарите на Филаделфија ’76 го совладаа Њујорк 125:114 и намалија на 1-2 во серијата. Ѕвездениот центар на Фила постигна 50 поени (13/19 од игра и 19/21 од слободни), 8 скока, 4 асистенции и една блокада. Ова е негов личен рекорд во плејофот а стана и трет кошаркар во историјата на Сиксерс кој постигнал најмалку 50 поени во плејофот. Претходно тоа биле Ален Ајверсон (три пати) и Били Канингем.

Но Ембид имаше и еден многу валкан потег за време на еден дуел со Мичел Робинсон кога додека лежеше со две раце го фати ривалот за нога. Ембид доби неспортска техничка грешка но не го исклучија што реално требаше во ситуацијава.

Ембид пргаво играше и против ривалите Ануноби и Хартенштајн кои избегнаа посериозни последици после дуелите со него.

Денвер и Јокиќ се кошмар за Лејкерски, веќе е 3:0

Леброн и Јокиќ под кош во борба за топка

26 април 2024 - 09:56