Интер со 2-0 со два гола на Хакан Чаланоглу го победи Торино и на најубав можен начин ја започна прославата на новата титула.
Во чест на 20-то јубилејно скудето илјадници тифози на Интер излегле на миланските улици на парадата организирана од клубот. Играчите и целиот стручен штаб предводен од Симоне Инзаги попладнето биле качени на два отворени автобуси кои тргнале од Сан Сиро и дури доцна вечерта кај 22:50 часот стигнале до главниот милански плоштад Дуомо.
А таму на Дуомо огромна фешта: пиротехника, огномети, петарди, знамиња и славеничка песна за 20. титула.
Кориере Дела Сера пишува за луда бројка од околу 350.000 луѓе по миланските улици за прославата. Некаде во 22:50 отворените автобуси стигнале на плоштадот Дуомо од каде од бина играчите поведувале песна а навивачите продолжувале.
Во налет на еуфорија бил навредуван и капитенот на Милан Тео Ернандез но ваквите скандирања брзо ги прекинал десниот бек од Холандија Дензел Думфрис: