Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Богдановиќ му се пушти на тренерот

Атланта Хокс славеше 113:101 против Чикаго Булс, а капитенот на српската репрезентација Богдан Богдановиќ кој инаку важи за смирен и не толку темпераментен кошаркар, во еден момент на тајм-аут избувнал и му се сипал на тренерот на екипата Квин Снајдер на кого му се внел во лице.

Најубави голови досега сезонава - кандидати за Пушкаш

Наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол за календарска 2023-та ја доби Бразилецот Гиљерме Мадруга кој постигна акробатски маестрален гол за Ботафого во јуни 2023-та. Сега за 2024-та календарска, веќе има неколку сериозни кандидати за ова врвно признание.

Има зошто Родриго прослави гол со физиотерапевтот

Шпанците уловија прекрасен гест на Родриго и Валверде после еден од головите против Атлетик Билбао кој го добија со 2:0. Уругваецот му шепнува на Бразилецот да го изгушка физиотерапевтот на кој му починала мајката.

Да не си ме опцул уште еднаш, разбра?

Дефанзивецот на Барселона, Иниго Мартинез имаше ситуација еден на еден со тинејџер пред тренинг базата на Каталонците. Изгледа прилично нервозно штом му застана и излезе да се објаснува.

Златко тркало по петти пат ги прогласува најпосакуваните автомобили во Македонија

Циклусот на гласање на овогодинешното Златно Тркало 2024, избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија, заврши.

А дали сте виделе два автогола во една акција?

Натпреварот меѓу Атлетик Балеарес и Реал Мадрид Кастиља (третиот тим на Реал Мадрид), гостите славеле 0-1 по чудниот автогол на Алберто во 72’ минута. Судијата го признал погодокот иако не требал зошто во ист момент долетува топка од трибината зад голот и двете топки завршуваат во гол одбиени од еден ист играч.

Евроавтогол

На натпревар од втората аргентинска лига меѓу Арсенал Саранди и Чакарита Хуниорс, домаќините победиле 3-1 а патот до триумфот им го отворил гостинскиот стопер Габриел Лазарте со прекрасен лоб, ама во свој гол.

Игор и Миро ги имаат најјаките бомби на колото

Ако треба да се направи топ 10 листа на голови од овој викенд, тогаш сигурно високо ќе котираат Бразилецот Игор Паишао од Феенорд и Швајцарецот Миро Мухајм од Хамбург.

Камерман на стадион најде нов начин за комуницирање со режија

Кога не можеш да се разбереш преку аудио врска ради галама, а не сакаш да трошиш кредит на телефонот, одиш со опцијата изненадување.

Болоња понеделнички на пладне распука со два еврогола

Најголемото изненадување во Серија А сезонава се вика Болоња. Имаат 7 победи на последните 8 меча и вкупно 15, исто колку Рома и Аталанта и дури три повеќе од актуелниот шампион Наполи. Во терминот од 12:30 на пладне победија 3:0 против Салернитана. Првите два погодока беа голчишта на Орсолини и Салемакерс. 

Хет-трикот на Роналдо за зголемување на светскиот рекорд

Ал Наср со 5-1 го совладал тимот Ал Таи а Кристијано Роналдо постигнал три гола: во 64’, во 6’ и во 87’ минута. Ова е 19-та победа сезонава за тимот на Роналдо кој има уште и 4 нерешени и 2 порази. На второ место се на табела, со дури 12 бода помалку од неприкосновениот лидер Ал Хилал.

Заврши неверојатната серија од 43 меча без пораз на ПСВ Ајндховен

Лидерот во холандската Ередивизија, ПСВ Ајндховен конечно доживеа пораз. Во саботата изгубија на гости кај НЕК Најмеген со 3-1 и ја завршија неверојатната серија од 43 меча по ред без пораз.

Најлудиот трилер во Премиер лига сезонава

Њукасл - Вест Хем. Домаќинот прв поведува во 6’ минута. Гостите од Лондон прават пресврт и со голови во 21’, 45+10’ и 48’ минута поведуваат 1-3. Навивачите на Њукасл уверени во нов пораз, ама не и играчите. Во 77’ минута 2-3 од пенал, во 83’ Харви Барнс кој влегол од клупа за резерви израмнува на 3-3 и во 90-та истиот играч носи лудница на „Сент Џејмс Парк“.

Иско ама се отвори на дриблинг

Жирона го совлада Бетис 3:2 со гол во 92-ра минута, ама погледнете го вие Иско како им играше диско и тоа на тројца.

Глупан на колото

За време на мечот Ренџерс - Хиберниан од шкотскиот Премиершип, 20-годишниот гостински фудбалер Нектариос Триантис успеа нешто што никому не успеало. Со еден несмасно изведел слободен удар повреди двајца свои соиграчи.

Камавинга мајсторе, што им направи бе?

На 8 кола до крај, Реал Мадрид е на +8 пред Барса, а синоќа го доби Атлетик Билбао 2:0 со двата гола на Родриго. Едуардо Камавинга, генерација 2002-ра, е дефинитивно дел од иднината на подмладениот Реал Мадрид. Не еден или двајца. Четворица ги изеде.

Какво дете има Реал Мадрид во школата

Ла Фабрика, познатата академија на Реал Мадрид е голем извор на најталентирани деца од целиот свет. Има едно детенце кое многу потсеќа на Меси во движењето, потезите, дриблингот. Патот до првиот тим е многу долг, далечен и напорен, ама ако продолжи вака малиов, ете го наскоро на „Сантијаго Бернабеу“.

Лука уште на загревање направи шоу

Со фантастичен настап со 47 поени, Лука Дончиќ беше главен творец на победата на Далас Маверикс во дербито на Тексас со Хјустон Рокетс. Дончиќ уште пред почетокот на натпреварот со еден луд кош од семафорот најавил што ги чека „ракетите“.

Бернардо Силва ја прислушкувал тактиката на Арсенал

Во големото дерби меѓу Манчестер Сити и Арсенал кое за некое чудо заврши без голови иако играа едни од најефикасните тимови во светот, Португалецот Бернардо Силва искористил еден прекин да ѕирне и прислушне кај „топџиите“, да види што договараат.

Бојан Миовски игра сезона од соништата, на конто има 23 гола

14 гола во првенство, 3 во ФА Купот и по 2 во Лига Куп, Лига Европа и Конференциска лига.

Лука Дончиќ броеше до 47 поени и имаше луд шут, Леброн до 40

Во дербито меѓу Хјустон Рокетс и Далас Маверикс победата ја однесоа гостите благодарение на уште една надреална партија на Лука Дончиќ кој го задивува светот.

Нов маестрален трипл-дабл на Никола Јокиќ

Лидерот на шампионот Денвер Нагетс беше неизвесен за дуелот со Кливленд Кавалирс но на крајот не само што се појави на паркетот туку и постигна нов неверојатен трипл-дабл учинок.

Комити го обоија Козле во вардаровите бои

Најверните навивачи на Вардар вчера организираа голем собир во паркот од населбата Козле спроти поранешна Алумина. Падна голема дружба со скара и пиво, но имаше и многу работа за уметничките души во групата. Изработија три големи графити во должина од 250 метри.

Чудна изјава на Кукоч: „Јокиќ не е на нивото на Раѓа и Дивац“

Во многуте интервјуа што ги дал во Белград каде гостуваше на кошаркарскиот меч Партизан - Олимпијакос и имал премиера на документарецот за него, Тони Кукоч за Спортски Журнал меѓудругото дал и спорна изјава за Никола Јокиќ.