На само четири месеци пред својот 29-ти роденден Петровиќ загинал на автопат кај германскиот град Денкдендорф. Возилото го управувала неговата девојка Клара Саланци а до судир дошло кога возач на камион од спротивна насока изгубил контрола, ја пробил заштитната ограда на средина и удрил во возилото каде се наоѓале Клара и Дражен. Таа минала со полесни повреди а Дражен загинал.
Ден претходно играл за Хрватска во полскиот град Вроцлав квалификациски меч за Европско првенство против Словенија. Целата делегација заминала со авион а само тој се решил да се враќа со кола дома.
Дражен е роден во Шибеник во 1964-та година. Со 15 години заиграл за неговиот матичен клуб Шибеник. На 20 оди во Цибона со која два пати станува европски шампион. Од 1988-ма потпиша договор со Реал Мадрид а подоцна играше и во НБА лигата (Портланд Трејлблејзерс од 1989 до 1991 и Њу Џерси Нетс од 1991 до 1993).
Со репрезентацијата на Југославија освои бронза на Олимписките Игри во Лос Анџелес 1984-та и злато на Олимписките Игри во Сеул 1988-ма. Со Хрватска стигна до финалето на Светско првенство 1992-ра.