Шведска одигра пријателска средба против Србија која заврши 0:3 со головите на Милинковиќ Савиќ, Митровиќ и Тадиќ. Ибра не влезе во игра, но затоа се одржа церемонија во негова чест.
Доби благодарности и подароци за сè што направи во блескавата кариера која брои 8 клубови, 34 трофеи, над 500 клупски голови, награди, признанија...
Имаше 11 номинации за Златната топка, но играјќи во време на Роналдо и Меси, не успеа да ја освои. Штета и за Лигата на шампионите која му фали во витрината.
Златан беше испратен како една од најголеми легенди на селекцијата на Шведска со 122 настапи и 62 гола. Затоа доби урамен дрес со број 122.
„За помладата генерација, сакам да ви кажам дека мора да верувате во себе и да имате големи соништа. Ако ја немате таа сила да сонувате големи соништа, учете од мене и така инспирирајте се. Јас сум жив доказ дека ништо не е невозможно, без разлика од каде доаѓаш“, кажа Ибрахимовиќ.
Навивачите подготвија разни банери. На еден пишуваше „Фала ти шоуто“, а друг го потсети на незаборавните ножички против Англија.
The Greatest. pic.twitter.com/nOi8e564qt
— 🇸🇪 (@SwedeStats) June 8, 2024
Ibrahimovic was celebrated by the Swedish fans for the first time since his retirement during Sweden’s friendly against Serbia today at Friends Arena pic.twitter.com/zoTvcWSuGm
— Milan Eye (@MilanEye) June 8, 2024
👑⚽️ @Ibra_Official #SWESRB #EURO2024 pic.twitter.com/Vvac0Z1xvp
— Fudbalski savez Srbije | FA of Serbia (@FSSrbije) June 8, 2024
Zlatan Ibrahimović a été remercié une dernière fois par les supporters suédois ce soir. 🥹🇸🇪 pic.twitter.com/7O9ervrCm1
— Vibes Foot (@VibesFoot) June 8, 2024
🇸🇪🤝🇷🇸 Репрезентативци Србије захвалили су се Златану Ибрахимовићу на свему што је учинио за најлепшу игру на свету. @Ibra_Official 🔥⚽️#SWESRB #ZlatanIbrahimović #Ibrahimović pic.twitter.com/CfloB01Hy3
— Fudbalski savez Srbije | FA of Serbia (@FSSrbije) June 8, 2024