Offside

Кога се зборува за тројна круна во Интер која Италијанците ја викаат „триплета“, се мисли на онаа на Мурињо, прва во историјата на клубот. Но, оваа со Киву е поинаква.

Аплаузи и овации за Модриќ во соблекувална

Нема многу што да се објаснуваат делата на Лука Модриќ кои ги остави во Реал Мадрид. Изоставен е од прв состав, но самото негото присуство и име, сè уште е важно и тежи на Бернабеу. И на 38 години решава натпревари на мајсторски начин, за потоа да следуваат заслужени честитки од цела соблекувална.

Блескава победа на Македонија во Полска, Димитријевиќ маестрален

Македонската кошаркарска репрезентација го одигра можеби најдобриот меч во последните неколку години откако убедливо ја растури Полска на гости 71:96.

Па добро, не било лошо солово на Леао

Управата на Милан и навивачите треба да бидат среќни што веќе петта сезона имаат играчиште како Рафаел Леао, еден од најдобрите во моментов на негова позиција. Португалецот од генерацијата 1999-та, не знае за нормален гол. Погледнете го што направи во 3 минута на мечот против Аталанта кој заврши 1:1.

Автогол на Интернационал со стил

Мечот е Интернационал - Гремио, а стрелецот Рене. Велемајсторски го изведе ова. Секоја чест.

Чиле ја добил Аргентина после 68 години!

Во ФИБА натпреварувањата за пласман на Европско или Светско првенство нема коло а да нема некое големо изненадување. Ова се случува од причина што голем број од главните играчи во многу селекции не се во можност да допатуваат поради обврски во своите тимови. Така на пример светскиот шампион Германија изгуби од Бугарија а Белгија го доби европскиот првак Шпанија. Најголемо изненадување се случи во главниот град на Чиле.

Кога Реал направи потоп во Гелзенкирхен, а сите зборуваа за ремек делото на Хунтелар

26 февруари 2014 или 10 години од „Ла десима“, кога гледавме драма во мадриското финале од ЛШ во Лисабон. На денешен ден Реал го торпедираше Шалке во осминафинале со 1:6. По два гола дадоа Роналдо, Бензема и Бејл, а конечниот резултат го постави Клас Јан Хунтелар, чисто колку да и додаде атрактивност на забавата.

Не му ја давај ќе ја дупне

На фудбал знаат често пати да влетаат и да прекинат натпревар, ама во сала не паметиме кога последен пат сме виделе. Инаку се работи за мечот Аргентина - Чиле.

Синот на Ван Бомел со два гола го торпедираше Ајакс

Рубен Ван Бомел е 19-годишниот син на познатиот холандски легендарен фудбалер Марк Ван Мобел. Младиот Рубен играл во второлигашот МВВ а од 1-ви јули 2023-та е во АЗ Алкмар. Синоќа со два погодоци бил најзаслужен за триумфот на клубот од Алкмар против Ајакс со кој домашниот тим кој е на четврто место се одлепил на 6 бода од тимот од Амстердам на табелата.

Промашување какво што Австралија не памети

На натпреварот меѓу Мелбурн Виктори Сити и Сентрал Кост Маринерс во буквално 90+10’ минута од судиско продолжение гостите тргнуваат во контра пред празен гол затоа што домашниот голман остана во нивниот шеснаесетник при еден корнер. И Џош Нисбет успева да го промаши ова:

Јокиќ: Трет трипл дабл по ред, 18-ти сезонава, 138-ми во кариерата

На Леброн Џејмс му биле потребни дури 1.471 меч за да стигне до актуелните 110 трипл дабл учиноци. Никола Јокиќ има 122, остварени по само внимавајте добро: 651 натпревар.

Стариот добар НХЛ

Во НБА оние високите ќе се фатат и ќе се тегнат по паркет ко балдски за бидермајер и никому ништо. Во хокеарската НХЛ лига е нешто подруго. Така на мечот меѓу Њујорк Ренџерс и Филаделфија се дочепаа младиот 21-годишен Мет Ремпи (203 см висок, 109 кг тежок) и ветеранот Никола Деслоа (33 години, 185 сантиметри висок, 100 кг тежок). Коментаторите кои со години пренесуваат хокеј во преносот велат дека вакво нешто не виделе баш баш одамна.

Голот на колото во Италија - дело на гаучос

Матео Ретеги е интересен центарфор. Има 24 години. Роден е во Аргентина но има италијански корени. Почнал да игра фудбал како мал во Ривер и Бока, па после бил позајмуван во Естудијантес, Таљерес и Тигрес. После неколку интересни голови во Аргентина италијанскиот печат се заинтересира за него и набрзо тој доби повик од поранешниот селектор Роберто Манчини. Веќе има 4 настапи и 2 гола за Италија. Од 2023-та е во Џенова а сезонава постигна 6 гола и 2 асистенции на 19 меча.

Судијката која ја исплаши Шпанија

Мечот меѓу Бетис и Атлетик Билбао (3:1) го одбележа еден крајно непријатен инцидент: камерман во обид да сними прослава на гол трчал каде што не треба и силно со камерата ја удрил помошничката судијка Гваделупе Порас која доживеала повреда.

Топла средба на две фудбалски легенди кои заедно испишуваа историја во Реал

Девет години беа дел од костурот на кралскиот тим и едни од клучните играчи кои ја правеа разликата на терен. Заедно станаа четири пати прваци на Европа и четири пати светски прваци. Серхио има 37, Лука 38 години и уште играат на ниво.

Ежење: Клоп, Ливерпул и навивачите со еуфорична прослава на Лига Купот

Во финалето на англискиот Лига Куп во тврд натпревар, Ливерпул со 1-0 го совлада Челси со гол на стоперот и капитен Ван Дајк дури во 118’ минута од продолженијата.

Џокерот на Анчелоти се вика маестро Лука Модриќ

Колку и да го згазија годините и конкуренцијата од далеку помладите, Модриќ е Модриќ. Не знаеш кога може да изненади, да ја направи разликата и да реши натпревар. На дуелот против Севиља доби шанса во 75 минута и после само 6 минути му донесе 3 бода на Реал со голчиште во негов стил.

Нов мајсторски гол на Меси за бод во 90+3’ минута

Лос Анџелес Галакси и Интер Мајами ремизираа 1:1 во новата сезона од МЛС лигата. Домаќините во 13’ минута имаа пенал но не го искористи некогашниот играч на Барселона Рики Пуиг. Во 75-та минута сепак дојдоа во водство преку српскиот репрезентативец Дејан Јовељиќ. Гостите од 87-ма минута играа со играч помалку, но тоа не му сметаше на Меси на асистенција на Алба да му донесе голем бод на својт тим.

Како ли фановите на Роналдо ќе го оправдаат најновиот сељачки потег?

877 гола за Кристијано Роналдо, 877-ма глупоштија откако отиде на 500 милионската печалба во Саудиска Арабија? Чуму вакво однесување?

Некоректен кош причина за гужва на Вориорс - Шарлот Хорнетс

Во НБА во само неколку часа се случија два поголеми инциденти. На мечот Њу Орлеанс - Мајами настана гужва по еден груб фаул на Кевин Лав, а на дуелот кој Голден Стејт Вориорс го доби против Шарлот за малку ќе избиеше голема тепачка.

Големиот хаос на мечот Њу Орлеанс - Мајами

Синоќа на мечот Њу Орлеанс - Мајами судиите исклучија дури четворица играчи а со казна од НБА се соочуваат уште кошаркари кои учествуваа во масовниот неред. Немили сцени ја одбележаа оваа средба. Се започна по грубиот фаул на Кевин Лав над Зајон Вилијамсон после што почна целиот хаос. Наџи Маршал го фати и лидерот на Мајами Хит Џими Батлер и тупаници летаа на сите страни.

Емотивен момент меѓу Меси и Ди Марија за време на прославата на светската титула

„Тоа што го сакав е да играм во ист тим со тебе и да го освојам овој трофеј“, му вели Анхел Ми Марија на Меси, цел во солзи, кој отворено кажува дека сакал да го освои Мундијалот за него. Ете до толку беше голема и искрена желбата на неговите соиграчи, да му помогнат да стигне до трофејот кој му фалеше во величествената кариера. Многу јак момент.

Лига Конференции: Динамо Загреб и Стефан Ристовски против ПАОК

Занимливи парови попладнево се извлекоа и во Лига на Конференции чие финале ќе се игра во Прага.

Жреб за Лига Европа: Ливерпул и Милан со клубовите од Прага, Рома против Де Ѕерби

Попладнево во Нион се одржаа жрепките за осминафинале во Лига Европа и Лига Конференции.

Голот на Кузмановски трет најдобар на колото во Лига на шампиони

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски е на листата од пет најатрактивни голови во 12. коло од ЕХФ Лига на шампиони. На гостувањето кај Кил каде Пелистер загуби 29-23, Кузмановски постигна прекрасен погодок.