Интернетот е во транс откако го виде Јусуф Дикец од Турција, кој се натпреварува во дисциплината пукање од 10 метри со пиштол.
На сред Олимписки игри, Турчинот дојде без специјализирани очила, како и слушалки за заштита на ушите, опрема која обично ја носат сите стрелци.
Тој си тераше своја шема со диоптриски очила, чепчиња за уши, тренерка и маица.
И што е најјако освои сребрен медал заедно со својата партнерка во стрелаштво, Шевала Илајда Терхан.
Инаку она што треба да се знае за Дикец е дека пука од 2001-ва и дека бил припадник на Турската Национална Жандармерија (Jandarma Genel Komutanlığı).
Не е воопшто залутан лик на Олимписки игри, напротив ова му е петто учество, почнувајќи од Пекинг 2008.
Ова му е прв олимписки медал, но затоа има многу златни, сребрени и бронзени медали на државни, европски и светски првенства.
Did Turkey send a hitman to the Olympics? pic.twitter.com/nPfNQMKtX7
— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) July 31, 2024
Olimpiyat tarihinin en karizmatik olaylarından biri; Astsubay Kıdemli Başçavuş Yusuf Dikeç…
— Batuhan Çolak (@batuhancolak33) July 31, 2024
Hiçbir teçhizatı olmadan, bir eli cebinde atış yaparak Olimpiyat gümüş madalyasını Türkiye’ye getirdi.
Tabancasında ise Ay yıldızımız… pic.twitter.com/VmSkfN67UG
Неговата колешка пак од Јужна Кореја оди во друга крајност, но и таа е освојувач на сребро.
Дури и официјалниот Твитер профил на Олимписките игри им се поклони на овие нови неочекувани спортски или ако сакате филмски ѕвезди. На социјалните мрежи коментираат дека се печени за улоги во акциони филмови.
The Olympic #shootingsport stars we didn’t know we needed.
— The Olympic Games (@Olympics) August 1, 2024
🇰🇷 Kim Yeji 🤝 Yusuf Dikeç 🇹🇷 pic.twitter.com/gfkyGjFg4I
Се очекува човекот следниот пат вака да се појача со опрема: