„Убаво е да се гледа вакво самоуверено спуштање, зарем не, но сепак те остава со срцето во уста кога ја гледате брзинава“ вели коментаторот на Еуроспорт за Том Пидкок, за време на неговото лудачко возење на Тур де Франс во 2022 година. Инаку вчера во дисциплината Крос Кантри во Париз, со мајсторски потег го турна Виктор Корецки на второ место и го одбрани златниот медал од Токио.