Се работи за дисциплината Крос Кантри во која жестоката битка за олимписко злато на крајот ја водеа бранителот на медалот Том Пидкок од Велика Британија и Виктор Корецки од Франција.
И покрај тоа што домаќинот имаше убава предност, која во еден момент изнесуваше и убедливи 40 секунди, сепак на крајот се случи драма.
Корецки киксираше на два пати, посебно неочекувано првиот пат, а Том Пидкок се прикажа во херојско издание и со тоа ја задржа титулата.
Најпрво Корецки се загуби во дрви и загуби 9-10 секунди, а потоа се случи страшен двобој во кој Пидкок со жесток напад го претрка Французинот и заврши прв на пиадесталот со 9 секунди предност.
Со своите 24 години британскиот велосипедист стана само втор со златен медал на две олимпијади по ред.
Киксот на Корецки со дрвото
Јуначкото претркување на Пидкок
Па дури и дефект имаше и стоеше мртов ладен додека му сменат тркало.
Leader. Puncture. Chase. Champion.
— Team GB (@TeamGB) July 29, 2024
Simply stunning ride from Tom Pidcock!#Paris2024 pic.twitter.com/YnyzCulCEX
Your Olympic medalists from MTB XCO:
— Lukáš Ronald Lukács (@lucasaganronald) July 29, 2024
🥇 Tom Pidcock (Great Britain)
🥈 Victor Koretzky (France)
🥉 Alan Hatherly (South Africa)
It is crazy to think, that Tom Pidcock is just 24 years old and already a double Olympic champion. 🤯 #Paris2024 pic.twitter.com/xBfJOSfykD