28 годишниот Лин Ју Тинг од Тајван и 25 годишниот Имане Келиф од Алжир, добија дозвола од МОК да се натпреваруваат на игрите во Париз во бокс, во женска конкуренција.
Лин е двократен освојувач на златен медал, а Келиф освои сребро пред две години.
И двајцата беа отстранети на минатогодишното Светско првенство во Њу Делхи, откако не ги исполнија критериумите на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА).
Различниот статус на Лин и Келиф на Олимпијадите и Светските првенства е последица на повеќегодишниот спор меѓу МОК и ИБА, предводена од Русија околу наводните неуспеси во управувањето и интегритетот, како и потпирањето да се финансираат од Газпром.
Инаку Светското првенство го организираше ИБА, федерација која повеќе не е признаена од МОК.
Натпреварот во бокс на Олимпијадата во Париз го организира Париската боксерска единица (ПБУ), ад-хок единица формирана од Извршниот одбор на МОК.
„Сите спортисти кои учествуваат на боксерскиот турнир на Олимписките игри ги почитуваат прописите за подобност и влез во натпреварувањето, како и сите важечки медицински прописи во согласност со правилата 1.4 и 3.1 од Боксерската единица Париз 2024 година“, соопшти МОК.
Келиф ќе се бори со Италијанката Ангела Карини во категоријата до 66 килограми во четврток, а Лин како прва носителка во категоријата до 57 килограми, ќе ја има воведната борба во осминафиналето еден ден подоцна.
Натпреварите за медали ќе се одржат на тенискиот терен на Роланд Гарос.