Петтиот ден од натпреварите во пливање на ЛОИ го донесе првиот светски рекорд во дисциплината 100 метри слободно.
Јунакот се вика Пан Жанле, има 19 години, а делницата ја мина за 46,4 секунди.
Тој практично го подобри светскиот рекорд за 40 стотинки, кој го оствари самиот на Светското првенство во Доха пред пет месеци.
Младиот кинески пливач беше доминантен и ги изеде конкурентите за повеќе од една секунда.
Сребрениот медал му припадна на Австралиецот Кајл Чалмерс кој исплива со време од 47,48 секунди, а бронзата ја освои Давид Поповичи од Романија.
Кинеските коментатори експлодираа од емоции.
🚨IT’S A NEW WORLD RECORD!!! 🚨#swimming @Paris2024 pic.twitter.com/TdtEqh9Y6W
— World Aquatics (@WorldAquatics) July 31, 2024
WHAT A NIGHT FOR SWIMMING! 🤯 🤯
— The Olympic Games (@Olympics) July 31, 2024
An Olympic Record for Katie Ledecky 🇺🇸
TWO Olympic Records for Leon Marchand 🇫🇷
A World Record for Pan Zhanle 🇨🇳#Paris2024 | @WorldAquatics | #Swimming pic.twitter.com/sARUWocWYi