Ракометарите на Охрид го остварија најголемиот успех во клупската историја откако се пласираа во големото финале на Европскиот Куп. На реваншот одигран во преполната сала „Билјанини извори“, Охриѓани го совладаа словенечки Целје на пенали 4-3 откако во основниот дел резултатот беше 25-24.
Има 31 трофеј освоени со великаните Реал Мадрид и Баерн Минхен и светска титула со Германија. Го пушташ клипов и мислиш дека е направен во соблекувалната на Башкими. Тони Крос носи стар модел на копачки Адидас Адипјур 11 Про и сам си ги пере после секој меч сè додека не му се скинат. Инаку ги нема повеќе во продажба, но компанијата ги произведува за него. Каква олд скул људина од човек.
Кошаркарите на Бостон Селтикс иако беа апсолутен фаворит на отворање на финалето на Истокот против Индијана Пејсерс, сепак спасија жива глава буквално во последни секунди. Индијана имаше три поени предност на 10 секунди пред крајот и напад, но по погрешно додавање, топката дојде кај кошаркарите на Бостон а Џејлен Браун по сјајна асистенција на Холидеј со тројка го однесе мечот во продолженија. А таму Бостон славеше 133:128 и поведе 1:0 во серијата.
Прв пат слушате за него така? И ние исто. И немаше ниту да слушнеме ако не пишуваа во Англија дека обезбедувањето го исфрлило од забавата на Сити во 4 сабајле.
Ако некој играч сезонава се издвои од страшиот состав на шампионот Манчестер Сити, тоа е дефинитивно 23 годишниот Фил Фоден. Единстен е во својот клуб оваа сезона со 6 комада кои ги дал надвор од шеснаесет. Опасна му е левицата и не бадијала е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата.
„Најголемиот потег откако стана селектор му е тоа што го врати Пандев. Не треба да си само добар тренер туку и педагок и психолог, за играчите да те почитуваат. Кога Милевски стана селектор, се смени шоферот на автобусот затоа што бил од времето на Мрме“.
Хрватскиот селектор Златко Далиќ по нестрпливо очекување од хрватската јавност, го објави проширениот список за фудбалери-кандидати за Европско 2024. „Коцкестите“ ќе одат во стандарден состав, со по некое ново име меѓу кои има и еден необичен лик.
Најголемото изненадување во Франција и цела Европа е Брест кој во последното коло се бореше со Лил за 3. место на табела кое води во Лига на шампиони. На Лил на мечот против Ница му требал само победа за пласман во ЛШ, воделе 2-1 но во 90+3’ минута примиле гол и Брест кој славеше 0:3 кај Тулуз на крајот заврши трет и обезбеди прв историски пласман во Лига на шампиони!
Знаеа и да го налутат, ама најчесто средбата со новинарите беше уживање за следење. Секогаш директен, природен и оригинален во одговорите. Еден и единствен. Јирген Клоп.
Во најтесната конкуренција на топ 9 најдобри голови на сезоната во Премиер лига, Манчестер Јунајтед влезе со 3 гола, ама никој не може со ремек делото на 19 годишниот Алехандро Гарначо кој сосема заслужено ја доби наградата.
Баражот во трета лига на Израел за пласман во втора меѓу Димона и Шимшон Тел Авив завршил 1-1. Димона израмнила со гол во 90+3’ минута и мечот после продолженија отишол на пенали каде МС Димона победила 23-22 во најдолгата пенал серија некогаш изведена во историјата на фудбалот.
Спектакуларни 3:3 одиграа Болоња и Јувентус во нетипичниот почеделнички термин. Болоња имаше 3:0 до 76-та минута, но потоа целосно застана и на сцена стапија Киеза, Милик и 19 годишниот Кенан Јилдиз кои се 8 минута обезбедија бод. Јувентус за прв пат во историјата на Серија А останува непоразен после негатива од 3:0. Болоња 26 години ги бие малер, од 1998-ма ги нема добиено.
Симпатичниот, харизматичен 45-годишен холандски стратег има сјајни резултати во досегашната тренерска кариера. Но сега го чека далеку поголем, огромен предизвик. Седнува на клупата на повеќекратниот европски првак и еден од најголемите клубови на светот. Ќе го издржи ли притисокот во најсилната лига?
Во луда завршница, во последното коло од грчката Суперлига, ПАОК влезе прв со 77 бода пред АЕК Атина кој имаше 75 бода. На Солунците им требаше победа на гости кај градскиот ривал Арис. Водеа 1-2 и со играч помалку од 78 минута успеаа да издржат, да победат и да слават титула со своите навивачи кои на „Тумба“ го следеле дербито на видео бим. Титулата се враќа во Солун а досега шампион беше АЕК.
Заврши сезоната во Франција. Со шампионот ПСЖ претставници во Лига на шампиони на есен ќе бидат уште и Монако и Брест, како едно од најголемите изненадувања. Од 1991 до 2004-та играле аматерски фудбал, а потоа влегле во најниската професионална лига. Од 2019-та се прволигаши и немаат ниту еден трофеј. Има зошто ги откорнаа грлата. Испишуваат ново поглавје во својата историја.
Ливерпул организираше проштална забава за заминувањето на Јирген Клоп, на која се разбира царот не дремеше на маса, туку уживаше во први редови во друштво на пејачот.
Оној кој од близу се занимавал со местење кореографија знае колку е тоа тешка, макотрпна и исцрпувачка работа. Уште рачунајте ако треба да местиш за 80.000 луѓе, па секој да знае да не крева пред време, ни подоцна ни порано. Навивачите на Интер на дербито со Лацио кое заврши 1:1 кренаа чудесна кореографија за шампионското скудето број 20 со кое заработи две ѕвезди на грбот.
Имаме невообичаен дуел еден на еден на дуелот Черно море - Лудогорец, ама многу невообичаен, бидејќи се играше надвор од терен и во еден момент одбраната доби драстично засилување од страна на линискиот судија.
Тешко кој навивач на црвените ќе може да издржи да го изгледа видеото кое како благодарност за сè што направи за нив Ливерпул му го сними на својот сакан Јирген Клоп кој после 9 години заминува од „Енфилд Роуд“.
Со победата од 2-1 над Аугзбург во последното коло од германската Бундеслига, шампионот Баер Леверкузен и официјално ја заврши сезоната во германската лига без пораз - 28 победи и шест нерешени на патот кон трофејот.