Offside

Ракометарите на Охрид го остварија најголемиот успех во клупската историја откако се пласираа во големото финале на Европскиот Куп. На реваншот одигран во преполната сала „Билјанини извори“, Охриѓани го совладаа словенечки Целје на пенали 4-3 откако во основниот дел резултатот беше 25-24.

Пеп Гвардиола емотивен на прослава на титулата, со огромна почит зборуваше за Клоп

Конечно бидна и тоа. Заврши драмата во Премиер лига. Во последното коло Манчестер Сити со 3-1 го совлада Вест Хем, го сочува првото место и ја освои шампионската титула со 91 бод, два повеќе од Арсенал кој има 89.

Норвежанец му даде 4 гола на Реал Мадрид за 17 минути

Во претпоследното коло од шпанска Ла Лига, Виљареал и Реал Мадрид одиграа спектакуларен меч кој заврши со дури осум гола! На крајот реми 4:4. „Кралевите“ водеа 1-4 но норвешкиот шпиц Александар Серлот беше упорен и не дозволи Виљареал да изгуби.

Шпалир на Енфилд Роуд за крај на ерата на Јирген Клоп

Ливерпул експлодираше од емоции на последниот меч на Клоп. Од навивачи до играчи, никој не остана рамнодушен поради заминувањето на харизматичниот мангуп кој им ги исполни соништата. Ван Дајк липаше од солзи.

Како изгледаше последната средба на Клоп со новинарите

Во негов стил: „Мислам дека нема да ми недостигате, но ако тоа се случи, само ќе ја погледнам оваа фотографија и тоа чувство ќе исчезне“.

Нов гол на Трајковски со кој го најави пресвртот на Хајдук

Хајдук ја совлада Горица 2:1 со пресврт, во претпоследното коло од хрватскиот шампионат. На Александар Трајковски му тргна дури на крајот од сезоната. Има 3 гола на последните 6 средби или вкупно 4. Македонскиот напаѓач го израмни резултат во 30 минута.

Денвер испадна, залудни беа 34 поени на Јокиќ - Минесота оди во финале

Во седмиот решавачки меч, кошаркарите на Денвер Нагетс изгубија од Минесота Тимбервулвс 90:98 и нема да го бранат шампионскиот пехар освоен минатата сезона. Јокиќ и другарите имаа огромни +20 на почеток на третиот период но гостите направија луд пресврт.

Пенал серијата вредна историски трофеј за Алкалоид

Ракометарите на Алкалоид испишаа нова клупска историја и го освоија првиот трофеј од формирањето. Во финалето на Купот падна шампионот на Македонија.

Дончиќ го однесе Далас во финале на Запад и го чека Јокиќ

Кошаркарите на Далас Маверикс се првиот финалист на Западот, откако синоќа јас совладаа Оклахома 117:116 во полуфиналната серија и со 4-2 одат во финале.

Усик го разби Тајсон Фјури и стана прв апсолутен шампион во XXI век

Со поделени одлуки на судиите, во „Кралска Арена“ во Ријад, Саудијска Арабија пред речиси 30.000 гледачи, Украинецот Александар Усик го совлада до синоќа неприкосновениот шампион Тајсон Фјури од Велика Британија.

Херојската одбрана на 19 годишниот Галевски вредна историско финале за Алкалоид

Вардар и Алкалоид одиграа драматично и неизвесно полуфинале во Купот на Македонија. За влакно не гледавме седмерди.

Вујо за младите генерации и опсесијата со телефоните

Легендарниот ракометен стратег кажува пример од едно патување во Лига на шампиони, за тоа каква била разликата кај ракометарите кога биле со и без интернет.

Мурињо: Модриќ е убавината на фудбалот

Жозе Мурињо го смета Лука Модриќ за гордост и вели дека кога го однел во Реал Мадрид, никој не верувал дека е за таму, а уште игра после толку години.

Арсенал 2004 vs Баер Леверкузен 2024

„Непобедливите“ на Арсенал е приказна која уште се раскажува. Ама погледнете го вие внимателно хитот на сезоната во Европа какви бројки вади. Да потсетиме, имаат уште едно коло во Бундес и финалиња во Куп и ЛЕ.

Клоп се испрати со сите вработени на Енфилд Роуд

На Енфилд Роуд веќе на големо траат подготовките за последниот натпревар на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул. Во недела против Вулверхемптон германскиот тренер за последен пат ќе ја води екипата. После 9 години во кој направи ренесанса и му донесе на клубот пехар во Лига шампиони, титула во Премиер лига која ја чекаа цели 30 години, два ФА купа, два Карабао Купа, европски Супер Куп и Светско клупско првенство.

Во Аргентина дебитираше 14-годишно дете

Со само 14 години и 29 дена, Матео Аполонио стана најмладиот дебитант во историјата на аргентинскиот и веројатно светскиот фудбал. Тој во четвртокот вечер влегол во игра од клупа за резерви на мечот меѓу второлигашот Депортиво Риестра и Њуелз Олд Бојс (0-1) од осминафинале на Купот на Аргентина.

Број 1 имитација на НБА интервју

Познатиот српски блогер Виктор Влајиќ на својот Инстаграм профил објавува видео од имитација на НБА ѕвездите од САД.

Патувал 11 месеци од Монголија до Олд Трафорд со велосипед, а застанал и во Скопје

11 месеци, 14.000 км и 20 земји содржи неверојатната авантура на дечкото кој се претставува како најголем навивач на Манчестер Јунајтед. Вредеше на крај. Му се исполни сонот.

Најоригиналната восочна фигура ја има Мбапе

Еден од најдобрите светски фудбалери на денешницата, сјајниот Килијан Мбапе за неколку недели и официјално треба да биде промовиран во нов фудбалер на Реал Мадрид кој ќе прави свечена церемонија за отворање на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“. Во меѓвуреме Килијан бил поканет на свечена претстава на неговата восочна фигура во најпознатиот музеј на светот за возочни фигури - Мадам Тисо во Лондон.

Водич по стадионите на кои ќе се игра Европско првенство 2024 во Германија

Европското фудбалско првенство 2024 започнува за помалку од еден месец а отворањето ќе биде на „Алијанц Арена“ во Минхен. Германците педантно ги уредуваат сите постоечки места на одигрување (10 стадиони) и за очекување е едно од најдобрите европски организирани некогаш.

Шупелки на колото

Во мечот од втората руска лига меѓу Чаика и Металург Липецк, домашните фудбалери излегуваат сами пред гол и се заплеткуваат. Павел Долгов промашува празен гол, а истиот играч се спасил што дал победнички погодок во текот на дуелот.

Најјакото НБА интро на сите времиња

Дечки оптеретете ги звучките, а ако сте на работа, напрајте 2 минути пауза. Време е за претставување на најдобрата, најпопуларната и најмангупска кошаркарска банда предводена од ненадминливиот Мајкл Џордан. Моќната музика, спикерот, ликовите, амблемот, тренерките. Антологиско ретро на кое никогаш не престанавме да се дразниме.

Говорот на Тен Хаг лани и сега бил ист

Манчестер Јунајтед ја повтори најлошата сезона уште од крајот на седумесетите години. Имаат 14 порази во Премиер лига со дури 58 примени голови, нешто што навивачите не го паметат со децении. Најтрофејниот англиски клуб по број на титули минува низ тежок период, а тренерот Ерик Тен Хаг си држи до тоа како ништо да не било.

Со двојни петици почнавте а?

Ќе речеш Шведска е тоа, нема таму атрактивен фудбал за око, ама гледајте колку фина и велелепна акција изведоа фудбалерите на Дјургарден. Една петица, па друга и на крај супер завршница.