Пилотот на Ред Бул на патеката во Сао Пауло во Бразил каде пред и за време на трката имаше поројни дождови, успеа да помине еден куп натпреварувачи и полека да го гради својот пробој до врвот. На крај успеа да го мине и Естебан Окон кој беше лидер.
Низ целта на крајот зад победникот Макс Ферстапен завршија Окон и Пјер Гасли од тимот Алпин. Интересно овие двајца Французи досега немаа ниту еден подиум во кариерата па авантурата во Бразил ќе ја паметат засекогаш.
Очајни настапи имаа тимовите на Вилијамс, Астон Мартин, Мекларен и Хас. До крајот на Формула 1 патувачкиот циркус остануваат уште три трки, а следната е закажана за 23. ноември во Лас Вегас.
Макс Ферстапен во моментов е прв во генералниот пласман со 393 поени (има 8 победи сезонава, 8 пол позиции и 13 подиуми). Втор е Ландо Норис од Мекларен со 332 поен (3 победи, 7 пол позиции и 12 подиуми), а трет е Шарл Леклер од Ферари со 307 бода (3 победи, 3 пол позиции и 11 подиуми).
vamos relembrar do dia em que interlagos virou noite e max verstappen fez uma volta incrível pic.twitter.com/KNV8FXKbMT
— Dudinha¹ ★ | MAX WIN 🦁 (@alltoomax) October 28, 2024
🌟🍾🔝 MAX VERSTAPPEN, el ganador del Gran Premio de Brasil
— Diario Olé (@DiarioOle) November 3, 2024
▶ El líder de la Fórmula 1 se quedó con la accidentada carrera de Interlagos
🎥 @ayraguirre - enviado especial Olé pic.twitter.com/FxUeEVzhZD