Големи почести за новиот тренер на Манчестер, во Лисабон овации за Аморим
Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим (39) вечерва за последен пат го води Спортинг Лисабон пред своите навивачи. И тоа против Манчестер Сити во Лига на шампиони каде „лавовите“ водат 3-1. Пред натпреварот навивачите кренаа огромно покривно знаме во чест на Аморим со неговиот лик и трофеите кои во изминатите години му ги донесе на Спортинг каде направи права ренесанса.