Милан го згроми Реал среде Мадрид, Ѓокереш со хет-трик го испраши Сити

Вечерва го Лига на шампиони имаше неколку необични резултати. Милан после долго време одигра како во најславните денови и со 1-3 го прегази европскиот шампион Реал Мадрид на негов терен. Росонерите доминираа од почеток до крај на мечот. Во Лисабон Рубен Аморим имаше бајка.

Epa images

Пред натпреварот Спортинг Лисабон - Манчестер Сити домашниот тренер Рубен Аморим доби овации од цел стадион. За сето она што го направи со клубот на кој му донесе шампионски титули и трофеи во Купот, го поздравија со плакета и знамиња на трибините.

А играчите на Спортинг го испратија шефот со историска победа од 4-1 над силниот Манчестер Сити. Чудесниот Швеѓанец со унгарско потекло Виктор Ѓокереш постигна три гола и беше главен творец на големиот пресврт откако Сити прв поведе преку Фил Фоден.

На „Сантијаго Бернабеу“ Милан го издоминира Реал Мадрид како ретко кој. Се редеа шанси и голови на гостите а на голот фанстастичен беше Мајк Мењон кој запиша дури 9 одбрани.

Лига на шампиони, 4. коло резултати:

ПСВ АЈНДХОВЕН - ЖИРОНА 4-0 (2-0)

СЛОВАН БРАТИСЛАВА - ДИНАМО ЗАГРЕБ 1-4 (1-2)

БОЛОЊА - МОНАКО 0-1 (0-0)

БОРУСИЈА ДОРТМУНД - ШТУРМ ГРАЦ 1-0 (0-0)

СЕЛТИК - РБ ЛАЈПЦИГ 3-1 (2-1)

ЛИЛ - ЈУВЕНТУС 1-1 (1-0)

ЛИВЕРПУЛ - БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 4-0 (0-0)

РЕАЛ МАДРИД - МИЛАН 1-3 (1-2)

СПОРТИНГ ЛИСАБОН - МАНЧЕСТЕР СИТИ 4-1 (1-1)

Standings provided by Sofascore
5 ноември 2024 - 23:07