Тројца македонски фудбалери вечерва настапија во елитната Лига на шампиони. Динамо Загреб убедливо со 1-3 го победи словачкиот шампион Слован Братислава.
Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, а Аријан Адеми влезе од клупата како прва измена во 64' минута од мечот. Слован прв поведе уште во 5' минута но „модрите“ направија целосен пресврт до крајот на првиот дел со головите на Шпикиќ во 10-та и 30-та минута.
Со два погодоци во вториот дел Сандро Куленовиќ му ја донесе на Динамо најубедливата гостинска победа во Лига на шампиони во клупската историја. Конечни 1-4 и нови бодови за хрватскиот првак во ЛШ.
Шпанска Жирона изгуби убедливо со 4-0 од ПСВ Ајндховен. Бојан Миовски беше стартер за гостите, имаше и една голема шанса на почетокот од мечот но погоди статива. Од игра излезе во 67' минута. Стрелци за ПСВ беа Фламинго, Тилман, Бакајоко и Крејчи со автогол.