Видео од громот кој усмрти фудбалер во Перу

Језиви сцени доаѓаат од фудбалски натпревар во Јужна Америка кој заврши трагично.

Природата по кој знае кој пат покажа дека не постои човечка сила што може да и се спротивстави, а тоа се виде и во Перу каде на сред натпревар фудбалер загина од гром.

Се работи за регионален меч на Хувентуд Белависта и Фамилија Чока на стадионот Кото Кото во градот Чича.

Натпреварот бил прекинат поради невреме кое ги натерало играчите да го напуштат теренот за да се заштитат од каква било опасност од струен удар.

Но, само неколку секунди подоцна, мечот продолжил и во 22 минута гром ги погодил играчите од кој на лице место починал 34 годишниот Хозе Хуго Де ла Круз Меза

Четворица играчи завршиле повредени во болница, а еден од нив е во тешка состојба поради изгореници.

Видеото стана вирално на социјалните мрежи предизвикувајќи шок.

5 ноември 2024 - 09:04