Еден ама вреден

Наполи во неделата доживеа дебакл на домашен терен кога изгуби 0-3 од Аталанта. Интересно пред овој натпревар, градските власти, полицијата и луѓето од Серија А строго забраниле присуство на гостински навивачи при што бил забранет пристап до стадионот за секој жител на Ломбардија со лична карта. Единствен кој ја бодрел Аталанта бил некој Шкотланѓанец Стивен.

Дошол со своето знаме Аталанта Единбург и му овозможиле пристап во гостинскиот сектор. Тој бил сведок на големиот убедлив триумф на Бергамашите на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Головите и најинтересните моменти од мечот Наполи - Аталанта:

5 ноември 2024 - 13:59