Нов неверојатен трипл-дабл на Јокиќ, НБА лигата се восхитува

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја совладаа Оклахома Сити Тандер 124:122 а на мечот блескаше најдобриот кошаркар во лигата во моментов, Никола Јокиќ. Српскиот центар имаше 23 поени, дури 20 скока и 16 асистенции за нов трипл-дабл. Расел Вестбрук исто одигра врвна партија со 29 поени, најефикасен меч откако дојде во Колорадо. Мајкл Портер Џуниор уфрли 24 поени од кои 21 во вториот дел.

Денвер Нагетс играше без двајцата исклучително важни играчи Арон Гордон и Џамал Мареј кои отсуствуваа поради пвореди. Нагетси прво надоместија огромен минус од -16 во третиот период, а после во драматична завршница славеа важен триумф.

Можеби јунак на мечот е Пејтон Вотсон, човекот кој во отсуство на повредениот Гордон доби повеќе играчко време. На 10 секунди до крајот од мечот при резултат 124:122 за Денвер Вотсон промаши две слободни фрлања за да ја потврди победата но набрзо се извади.

Оклахома имаше последен напад за победа или нерешено, Шеј-Гилџус Александер тргна кон кошот на Денвер но Пејтен Вотсон обели образ со фантастична блокада за победа на неговиот тим на крајот.

Важна улога одигра и Џулијан Стротер кој за 34 минути на паркетот колку што доби од тренерот Мелоун, постигна девет поени со пет скока и шест асистенции. Кај Оклахома Сити Тандер која до синоќа беше лидер на НБА а сега тоа е Кливленд со дури 9 победи на 9 меча, најефикасни беа Џејлен Вилијамс со 29 поени и Шеј Гилџус-Александер со 28 поени. 

Мангупска фора на Лука Дончиќ

 

7 ноември 2024 - 09:32