Невидена ефикасност на Барселона во 125 години клупска историја

Ова требаше или се очекуваше да биде Реал Мадрид со Мбапе, но фудбалот затоа е интересен, затоа што знае да биде многу непредвидлив и да изненади, како што тоа го прави сезонава Барселона.

Како специјалисти за статистика, Опта извадија абнормален податок за ефикасноста на Барселона, која веројатно никој на планетава не ја очекуваше сезонава. Внимавајте добро:

Барселона на првите 16 средби сезонава има постигнато 55 гола на сите натпреварувања (Ла Лига и ЛШ).

Бројки за неверување. Од формирањето на клубот во 1899-та не им успеало ова.

Ханси Флик со своите пулени, срушиле рекорд стар 74 години или поточно оној од сезоната 1950/1951, кога со истиот број на мечеви стартувале со 54 погодоци.

Каталонската машинерија до ова поместување на границите стаса за нецели три месеци или од 17 август против Валенсија, па сè до вчера против Ѕвезда.

Има само два порази, 2:1 од Монако и 4:2 од Осасуна, ниту едно реми и 14 победи. Погледнете ги резултатите на осумте највисоки победи:

Барселона - Ваљадолид 7:0
Барселона - Јанг Бојс 5:0
Виљареал - Барселона 1:5
Барселона - Севиља 5:1
Црвена Ѕвезда - Барселона 2:5
Реал Мадрид - Барселона 0:4
Барселона - Баерн Минехн 4:1
Жирона - Барселона 1:4

37 од вкупно 55 гола се на триото кое импресионира и фасцинира и во Шпанија и во Европа и кое е најефикасно во моментов.

Левандовски на 36 години има повеќе голови (19), отколку натпревари (16). Рафиња е во животна форма и гази со 12 гола и 8 асистенции, а Јамал на 17 години игра како никој и за сега има придонесено со 6 гола и 8 асистенции.

До каде ли ќе оди овој тим кој синоќа на Маракана истрча со двајца 17 годишници, двајца по 21 година и еден од 22?

Анри вели дека новата ера во Барселона почна со Чави, а не со Ханси Флик.

И уште нешто.

7 ноември 2024 - 15:17