Кореографијата на Парижани за слободна Палестина

На стартот на мечот меѓу ПСЖ и Атлетико Мадрид (1:2), домашните навивачи кои важат за едни од најжестоките во Франција, кренаа кореографија со натпис слобода за Палестина и се придружија на навивачите на Селтик кои одамна се на страна на Палестинците. УЕФА најверојатно ќе го казни парискиот клуб поради мешање политички прашања во фудбалот.

7 ноември 2024 - 09:05