Што е со бројките на најдобриот стрелец во Европа во моментов?

Дваесет и шест годишниот Швеѓанец со унгарско потекло, Виктор Ѓокереш (или Ѓекереш) есенва во сенка фрли играчи како Халанд, Мбапе, Винисиус и многу други. Роден во Стокхолм, си го бараше местото во разни клубови, играше во Бромапојкарна, Брајтон, Сент Паули, Свонси, Ковентри за да на крај блесне во Спортинг Лисабон.

Најубавата фудбалска бајка синоќа во Лига на шампиони ја испиша Виктор Ѓокереш. Центарфорот на Спортинг Лисабон со хет-трик го растури Манчестер Сити на Пеп Гвардиола и на најубав можен начин го испрати тренерот Рубен Аморим во Јунајтед.

Пазете ги бројкиве на Виктор Ѓокереш чии голови не може да се добројат:

- 19 гола на 14 меча во Португалија и во Лига на шампиони
- 27 гола и 7 асистенции на 20 меча сезонава за клуб и репрезентацијата на Шведска. А уште е само почеток на ноември.
- 7 гола последните два натпревари: пред хет-трикот со Сити имаше покер, четири комада и даде на Ештрела во португалската лига
- 11 погодоци на последните пет натпревари е чудесно нешто
- Во Лига на шампиони досега има 4 гола и 2 асистенции и е најкорисен играч во елитата
- Виктор Ѓокереш стана само втор стрелец на хет-трик во историјата на Лига на шампиони. Пред него тоа му успеа само на Златан Ибрахимовиќ пред неколку сезони
- Ѓокереш има 66 гола на 67 натпревари за Спортинг што е неверојатен учинок.

„Секогаш е убаво кога се даваат голови а уште поубаво кога се дава хет-трик. Можевме да дадеме уште“, блескаше од среќа Виктор по историскиот триумф над Спортинг.

Него веќе активно го бараат најголемите европски клубови, а во прв ред се издвојуваат Манчестер Сити, Арсенал, Челси и Ливерпул. Се појави информација дека португалскиот клуб би бил спремен да прифати понуда од 60-70 милиони евра затоа што на Ѓокереш следното лето му истекува договорот со Спортинг Лисабон а сегашната откупна клаузула му е 100 милиони евра.

Краток список на сите тешки порази на Пеп Гвардиола

6 ноември 2024 - 11:25