Ракометарите на Охрид го остварија најголемиот успех во клупската историја откако се пласираа во големото финале на Европскиот Куп. На реваншот одигран во преполната сала „Билјанини извори“, Охриѓани го совладаа словенечки Целје на пенали 4-3 откако во основниот дел резултатот беше 25-24.
Во полуфиналето на Светско првенство 2014, домаќинот Бразил го претрпе најсрамниот пораз во својата вековна фудбалска историја. Германија ги понижи на нивен терен пред нивни навивачис о 1-7. Денес кога ги прашуваат актерите на тој меч од репрезентацијата на Германија кои играчи ги дале головите, никој не памти. Само еден човек ги памти, верувале или не сите по ред.
И покрај тоа што трофејот во ЛЕ ќе додадеше дополнителен шмек во тоа што го остварија оваа сезона, сепак фудбалерите на Баер немаат место за поплаки. Го испратија терминот Неверкузен во историјата со низа од 51 меч без пораз во 361 ден. Титула освоена на епски начин за која не престана да се зборува. Дури 18 гола постигнаа во судиско. Неверојатно.
Аталанта е основана 1907-ма. Има освоено Куп на Италија 1963-та, па Лига Европа 2024-та. Прв италијански клуб кој успеа да го подигне овој пехар после Парма 1999-та. Сцениве после доминантното финале против германскиот првак Баер Леверкузен се целосно очекувани.
Двократниот европски шампион со Анадолу Ефес, Ергин Атаман сега оди во поход по нова титула како тренер на грчки ПАО. Турскиот стратег е познат по својот бурен темперамент а во комбинација со карактерот на газдата на клубот Димитри Јанакопулос, епилогот е шоу. Но синоќа избила гужва пред хотел во Берлин каде утре вечер од 18 Панатинаикос игра со Фенербахче.
Најголемиот ебиветер газда во Италија кој од 2004 е прв човек на Лацио и точно 20 години ги манипулира навивачите со трансфери и носи сомнителни играчи, заспа за време на собрание кое се одржа со клубовите од Серија А. Де Лаурентис го опомени, а овој: „Не бе кое спиење, го слушам со затворени очи“.
По елиминацијата во Рим, Новак Ѓоковиќ реши да учествува на турнирот на земја во Женева, како загревање пред Роланд Гарос. Го совлада Германецот Јаник Ханфман со 6:3, 6:3 и обезбеди четвртфинале, а по триумфот организаторите му го одбележа 37-от роденден со торта. Го имаме и поенот на мечот кој се случи во последниот гем од средбата. Ова му е победа број 1.100 на АТП турнирите. Пред него се само Роже Федерер со 1.251 и Џими Конорс со 1.274.
Тиквеш за 6 години слави голем јубилеј од 100 од формирањето, а во аналите на овој клуб ќе влезе датумот 22 мај 2024-та, во кој стигнаа до првиот трофеј. Го најави Кристијан Стојкоски со голчиште од слободен удар, а конечниот резултат против Воска Спорт е 2:1. За Стојковски ова е четврти Куп трофеј. Има два со Македонија Ѓорче Петров и еден со Академија Пандев Брера.
Адемола Лукман е суперхерој на финалето на Лига Европа откако со хет-трик му го нанесе првиот пораз на германскиот шампион Баер Леверкузен сезонава. Аталанта одигра фантастичен меч кој ќе се памети уште долго а Лукман со три прекрасни гола ја круниса титулата.
Со гол во 90-та минута Спарта Прага го совлада големиот ривал Викторија Плзењ 2-1 во големото финале на Куп на Чешка и заслужено ја освои двојната круна во оваа земја откако пред неколку дена стигна и до шампионска титула.
По освојувањето на шампионската титула, фудбалерите на Динамо Загреб славеа и во Купот на Хрватска. По ремито без голови на Максимир, модрите ја добија Ријека на гости со 1:3 и стигнаа до Купот број 17.
Убави фудбалски приказни се испишуваат сезонава низ Европа. Таква една ни доаѓа и од нашиот фудбал. Фудбалерите на Тиквеш ја совладаа Воска Спорт на Градски во Скопје со 2:1 и го освоија Купот на Македонија. За нив тоа е прв трофеј од формирањето на клубот, кој ќе им овозможи и излез во Европа. Кавадарци гореше, пехарот стигна синоќа во градот.
Фудбалерите на Аталанта го освоија првиот европски трофеј и само втор воопшто во својата 116 годишна историја и тоа против неверојатниот Баер Леверкузен кој се соочува со прв пораз сезонава, дури по завршувањето на Бундеслигата. Финале од соништата за Адемола Лукман кој со хет-трик го деморилаше германскиот првак.
Бундеслигата ја стокми во едно видео перфектната сезона на првиот тим во историјата кој станал шампион на Германија без пораз. Вечерва против Аталанта одат на трофеј и во ЛЕ, а во сабота против Кајзерслаутен ќе го бркаат и Купот. Баер Леверкузен сезонава е нешто посебно.
Баер Леверкузен и Аталанта вечерва со Даблин со почеток од 21 часот ќе се борат за трофеј во Лига Европа. Натпреварот со посебно внимание ќе го следат фудбалерите и навивачите на Рома.
Легендарното хрватско крило по крајот на оваа сезона заминува во пензија на 38 години. Најубавите спомени од кариерата му се врзани за Вардар со кој освои вкупно 15 трофеи за 5 години од кои две европски титули. Датумот 4 јуни 2017-та нема никогаш да му се избрише од меморија. На финалето против ПСЖ во Келн при резултат 23:23, останаа уште 7 секунди до крај. Чупиќ ја прими и испиша нова историја за македонскиот ракомет и спорт воопшто.
Вечерва во Даблин се игра големото финале на Лига Европа меѓу Баер Леверкузен и Аталана кои ќе играат за прв европски трофеј. Тренерот на германскиот тим кој нема пораз цела сезона, редовно учествува во тренинзите на Баер. Покажува што знае.
Освои малку трофеи, но затоа ги освои срцата на многу навивачи во различни градови. Од Каљари, Неапол, Фиренца, преку Валенсија, Лондон и Рим, па сè до Лестер.
Репрезентативецот на Јужна Кореја Ин Беом Хванг минатото лето стана најскапо засилување во клупската историја на Црвена Звезда која за него плати 5,5 милиони евра. Хванг во меѓувреме стана лидер на екипата а навивачите го обожаваат. Синоќа по триумфот од 2-1 во финалето на Купот на Србија против Војводина, Делиите му ја посветија песната со наслов Брус Ли.
Тиквеш и Воска Спорт се екипите кои вечерва со почеток од 19 часот на Градски во Скопје ќе се соочат во 31-то финале од Купот на Македонија. Лозари се загреваат уште од синоќа и најавија голема поддршка во битката за нивниот прв пехар во клупската историја и можноста за прв пат да излезат во Европа.
Чудна игранка се случува деновиве во редовите на италијанскиот шампион Интер. Клубот чија екипа апсолутно убедливо стигна до скудетото оди во друга сопственост откако првиот човек Стивен Жанг не платил долг од 395 милиони евра на време.