И во четвртoто меѓусебно соочување, нашите ракометари не успеаа да ја совладаат Литванија, овој пат во второто квалификациско коло за ЕП, после триумфот дома со Естонија.
Избраниците на Кире Лазаров одиграа слаб натпревар, под своето ниво, но се соочија и со чудни судиски одлуки.
Херој на Литванците беше голманот Рашимас кој запиша 15 одбрани, наспроти 10 на Марко Кизиќ, а најефикасни во победничкиот тим со по 7 гола беа Маласинскас и Антанавичиус.
Во нашите редови најпрецизен беше Филип Кузмановски со 8 гола, а Пешевски и Серафимов постигнаа по 5.
Ова беше последен официјален натпревар за Македонија пред настапот на СП во Хрватска на кое во јануари месец ќе играме во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Европските квалификации ги продолжуваме на 12 март дома против Словенија. Пласман обезбедуваат двете најдобри селекции, како и најдобрите трето пласирани.