Нено Димитријевиќ блесна и го растури Реал Мадрид

Олимпија Милано игра слаба сезона во Евролига и домашното првенство, но синоќа се крена и го совлада европскиот шампион Реал Мадрид во Евролига. Во култната сала „Форум“ во Милано убедливо најефикасен беше македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ кој постигна 22 поени и имаше по еден скок и асистенција.

Димитријевиќ за 26 минути на паркетот имаше 4/6 за два поени и 4/9 за три поени и две реализирани слободни фрлања. Најефикасен беше на теренот во друштво на имиња како Миротиќ, Кампацо, Хезоња, Серж Ибака, Серхио Љуљ и други.

Покрај Димитријевиќ, ефикасен кај „манекените“ беше уште и Зак Ледеј со 17 поени, 8 скока и 2 асистенции и новајлијата Ник Манион со 11 поени и 5 асистенции. Никола Миротиќ уфрли 9 поени со пет скока.

Кај „кралевите“ по 13 поени постигнаа Марио Хезоња и Серж Ибака, првиот имаше и 6 скока со 3 асистенции а вториот 4 скока. Габриел Дек стигна до 11 поени а високиот Таварес 10 поени и 9 скока.

На табелата Реал Мадрид е на 13-то место после 8 кола со 3 победи и 5 порази а ист учинок има и ЕА Милано на 14-та позиција.

8 ноември 2024 - 07:31