Политиката повторно се вмеша во фудбалот. Овој пат во главниот град на Холандија се пресметуваа Израелци и локални муслимани, претежно Мароканци кои навиваат за Ајакс.
Едната страна вели дека хулигани, навивачи на Макаби Тел Авив во Амстердам почнале да влечат и кинат палестински знамиња по приватни имоти, да напаѓаат таксисти, скандирале за израелската армија и правеле други вандализми.
Локалните муслимани кои ја поддржуваат Палестина, а кои ги има во приличен број во Амстердам, тврдат дека тие во самоодбрана влегле во судир со израелските навивачи.
На неколку локации во Амстердам имало тепачки, а некои навивачи на Макаби Тел Авив дури и завршиле во студените води на амстердамските канали бегајќи од толпата која ги бркала.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанхају наредил да се пратат два спасувачки авиони со цел да им се помогне на сите израелски граѓани по нападот во Амстердам.
Israeli 'Maccabi Tel Aviv' fans did not only tear down Palestinian flags and chant violent slogans against Arabs – they also reportedly refused to respect the moment of silence held for the Valencia flood victims and intentionally interrupted it. pic.twitter.com/f3RYaPhaFS
— The Cradle (@TheCradleMedia) November 8, 2024
Israel has sent 'rescue planes' to Amsterdam after locals came after and attacked numerous Israeli 'Maccabi Tel Aviv' fans for tearing down Palestinian flags, chanting "F*ck Palestine," and mocking dead children in Gaza, before the Champions' League Match against 'Ajax.'
— The Cradle (@TheCradleMedia) November 8, 2024
Some… pic.twitter.com/LUPo2Kt2xy
MACCABI TEL AVIV HOOLIGANS - TIMELINE OF EVENTS IN AMSTERDAM
— Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) November 8, 2024
1 - Israeli Hooligans attack personal property
2- Israeli Hooligans attack taxi drivers
3- Israeli Hooligans chant "“Let the IDF win to Fuck the Arabs”
4- Israeli Hooligans get beat up
5- Israelis start their… pic.twitter.com/9wBfnaOMJj
Министерството за надворешни работи на Израел соопштило дека напаѓачите на нивните навивачи извикувале „Ослободете ја Палестина“ после што две лица се водат како исчезнати а десет се повредени. Израелското министерство за националан безбедност ги повикало сите нивни граѓани во Амстердам да останат во своите хотели додека трае целата истрага.
Уште истата вечер израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Зар побарал од холанските власти да им помогнат на израелските државјани безбедно да бидат спроведени до аеродромот.
Што се однесува до натпреварот од 4. коло на Лига Европа, Ајакс со 5-0 го декласираше Макаби Тел Авив на „Јохан Кројф Арена“. Стрелци на головите беа Траоре во 14’ минута, Тејлор во 28-ма, Годтс во 39-та, Броби во 61-ва и Фиц Џим во 69-та.
Холандскиот премиер Дик Схоф ги осудил „антисемтиските напади“ и додал како полицијата уапсила 57 лица во центарот на Амстердам каде имало нереди на неколку локации близу главниот централен плоштад Дам Сквер.
Схоф изјавил и дека ги следел настаните „со ужаснување“ и кажал како зборувал со Нетанјаху, како и дека сите напаѓачи ќе бидат лоцирани и изведени пред суд.
Израелскиот претседател Исак Херцог зборувал дури и за „погром“ над навивачите на Макаби и израелските државјани. Холандскиот политичар Герт Вилдерс кој важи за ултра десничар и анти-исламист рекол дека „властите треба да одговараат поради неуспехот да ги заштитат изралеските државјани“.
Градоначалникот на Амстердам Фемке Халсема во четвртокот рекол дека тие презеле се со цел да спречат неволји откако ги отстраниле про-палестинските демонстранти подалеку од „Јохан Кројф Арена“.