Денвер го доби Далас со кош на 6 секунди до крај, Јокиќ згази со историски трипл дабл

Балканското дерби на големите НБА ѕвезди Јокиќ и Дончиќ, го доби Србинот кој стигна до нов четврти трипл дабл по ред, невиден до сега во НБА лигата.

Нагести славеа победа (122:120) во драматичен натпревар со неизвесна завршница. Во последната минута од мечот влегоа со негатива од -2, но Јокиќ влезе под кош и го израмни резултатот.

Ирвинг не успеа да реализира во следниот напад, а на 6 секунди до крај мечот го реши Мајкл Портер Џуниор. Остана време и за Далас, но го прокоцкаа.

Натпреварот мина повторно во знакот на Никола Јокиќ кој оствари трипл дабл со страшни бројки, за кој Американците пишуваат дека до сега немало никогаш во историјата на НБА лигата: 37 поени, 18 скока и 15 асистенции.

Тоа е негов четврти трипл дабл во низа и вкупно шести сезонава на 10 меча и тоа сите постигнати после три четвртини. Пред стартот на последната четвртина Србинот имаше 22 поени, 11 скока и 12 асистенции.

Џамал Мареј го заврши мечот со 18 поени, Портер Жуниор со 17, а Пејтон Вотсон додаде 16. 

Најпрецизен на средбата беше Кајри Ирвинг со 43 поени, а Дончиќ беше на чекор до трипл-дабл со 24 поени, 9 скокови и 9 асистенции. 

 
11 ноември 2024 - 08:18