Ова е втор триумф по ред на Милано кој минатата недела го урна Реал Мадрид во Евролигата. И тогаш Димитријевиќ беше најефикасен на мечот кај „манекените“.
Кај Венеција прв стрелец беше Мифонд Кабенгеле со 18 поени. Сега Олимпија Милано после 7 одиграни кола е на 5-то место на табела со 5 победи и 2 порази. Прв е Тренто со 7/7 и 14 бода а втор е Виртус Болоња со 12 бода.