Offside

Ал Наср го совлада Ал Фаисали на гости со 1:3. Очите се вперени кон голот во 49-та минута со кој Роналдо стигна до 982. Но не според сите. Opta, Sofascore, Flashscore и FotMob го запишаа како автогол. Саудиската професионална лига пак му го препиша на Роналдо. На забавената снимка се гледа како топката прво ја удира Роналдо, па играчот од спротивниот тим со број 5, по што влегува во гол. Официјално, Роналдо е на 18 гола до јубилејната 1000-ка.

Ајде, ќе го следиме и ние Дрезден

Гордоста на источна Германија, Динамо Дрезден е клуб со најголема поддршка во овој дел од земјата. Колку што играчите и управата низ изминатите години не ги биваше, толку навивачите стануваа едни од најјаките во цела Германија. 30 години не играле во Бундеслига, последен пат таму биле 1995-та, а сега се втори во трета лига со добри шанси да се вратат во цвајта.

Изгледот на улиците на Буенос Аирес за време на пеналите на финалето на Светско

Аргентина сонуваше светска титула уште од времето на Диего Армандо Марадона. Генерации и генерации чекаа, патеа, трпеа, страдаа на тој пат. На крај Лионел Меси ги однесе до трофејот и тоа по многу трнлив пат на Мундијалот во Катар 2022. Во финалето меѓу Франција и Аргентина се изведуваа пенали, а еве какви биле улиците на Буенос Аирес во тие моменти.

Кој кого изведува овде на теренот, детето или фудбалерот?

Со 11 гола и 6 асистенции на 18 средби во сите натпреварувања, 22-годишниот Кол Палмер е најдобар играч на Челси сезонава. Англискиот репрезентативец е интересен и за социјалните мрежи каде често се појавува со некое интересно видео. Сега последно пред дуелот со Брентфорд во Премиер лига излезе со дете поголемо од него.

Од илјадници голови, ФИФА го избра најубавиот за 2024

Дваесет годишниот Алехандро Гарначо кој игра за Манчестер Јунајтед (додуше периодов е на ладење со тренерска одлука), е добитник на наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол во календарската 2024-та година. Оној од гостувањето на Јунајтед кај Евертон кога победија 0-3.

Нено сведок на рекордни седум тројки на Американец за една четвртина

Панатинаикос ја растури Олимпија Милано со 103:74, а мечот мина во знакот на Кендрик Нан кој одигра луда прва четвртина. Американецот во воведните 10 минути погоди седум тројки од вкупно 8 обиди, што е рекорд во Евролигата. Првата четвртина заврши 38:15, а Нан го заврши мечот со 39 поени. Ненад Димитријевиќ беше втор стрелец во својот тим со 15 поени.

Јуве има македонска поддршка и во Куп

Јувентус ја доби осминафиналната пресметка од Купот на Италија против Каљари со 4:0. Не знаеме дали и колку Македонци биле на Алијанц арената. За сега е познато само за извесна Ана Марија Ивановска.

Верност на сезоната на 0:6

„Гледај ова! Неверојатно е“, му рекол шпицот на Интер Маркус Турам на Бобо Виери за време на интервјуто за навивачите на Лацио после историскиот меч во кој Интер го прекрши ривалот 0:6 и му нанесе највисок пораз во клупската историја. Но илјадници тифози на римскиот клуб при резултат 0:5 и и при 0:6 грмеа како ретко кога.

Страшен гол на Нико Гонзалес за Јувентус

Јувентус со 4-0 го испраши Каљари во Купто на Италија и обезбеди пласман во четвртфиналето. Душан Влаховиќ ја отвори серијата на својот тим и се смири со тифозите кои го скандираа неговото име. Аргентинецот Николас Нико Гонзалес кој се врати после повредата постигна прекрасен гол за конечни 4-0 во 89' минута.

Винисиус ја освои наградата од ФИФА за најдобар играч за 2024

За разлика од церемонијата „Златна топка“ која се одржа на 28. октомври во Париз, Реал Мадрид и Винисиус овојпат не го бојкотираа настанот во организација на ФИФА наречен The Best.

Баер Леверкузен - најпребаруван фудбалски клуб на Гугл за 2024-та

Бумот на Баер Леверкузен оваа година и официјално е измерен и потврден и од Гугл. Ниту еден друг клуб од Европа не е кликан колку нив.

Де Роси раскажува како се упрпал на ненадеен скришен разговор со Липи и Фергусон

Трансфер преговорите во фудбалот понекогаш не се такви какви што мислиме. Впрочем кој би рекол дека селектор ќе му кажува на играч кај да оди, посебно што во муабетов се работи за имиња како Марчело Липи и Сер Алекс Фергусон. Даниеле Де Роси, тогаш 22 годишен, имал скроз неочекувана средба со двајцата за време на Светското 2006-та и тоа во некоја просторија на аеродром.

Германец оди за прв пат на ракометното дерби Еурофарм Пелистер - Вардар

Фин Ватчов е менаџер за маркетинг на социјални медиуми кој живее во Македонија и учи македонски. Воодушевен е од атмосферата на големото ракометно дерби во Боро Чурлевски. Оди на ракомет и во Скопје, потоа на Градски да ја гледа Македонија - Летонија, а снима и во хотелот на Горан Пандев во Струмица.

Дедото што ги шокираше сите во студио

Болоња по историската сезона, сега игра во Лига на шампиони, деценискиот сон на многу навивачи на овој клуб конечно се оствари. Пред дуелот Бенфика - Болоња во елитната Лига на шампиони РАИ анкетира разни возрасни категории за исходот на дуелот. Бенфика - Болоња? Што ќе биде? „Ја сум за една п**ка“ каква прогноза“, одбруси стариот и ги смрзна сите во студиото.

Чудесна победа на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ одново до трипл-дабл

Денвер Нагетс пак си играше со нервите на своите навивачи откако во драматичен меч го совлада Сакраменто Кингс 130:129. На гостински терен Никола Јокиќ стигна до својот 140. трипл-дабл во НБА кариерата, а јунак на мечот беше Џамал Мареј кој го постигна победничкиот кош.

30.000 навивачи во петта лига во турски фудбал

Ескишехирспор е турски познат клуб. Има освоени шест трофеи во турскиот фудбал и е на шесто место на вечната листа најтрофејни клубови во Турција. 16 години беше прволигаш но потоа следувал голем пад и со години биле во пониски лиги. Во моментов се во петта лига каде се исфрлени поради неисплаќање обврски кон поранешни играчи и тренери.

Еврогол на Барела, историски дебакл на Лацио

Требаше да биде дерби на колото меѓу две екипи во топ форма и со ист број на бодови, но се претвори во кошмар за домаќините кои не паметат ваков пораз во Рим.

Навивачка будалаштина на сезоната

Навивач на Јувентус ги ремети гостите од Венеција за високите количества на вода во нивните канали, кои надојдоа како резултат на климатските промени. Фали поширок кадар, да видиме, можеби и пераи има ставено.

Адриано на Матераци му пее хит од Тициано Феро

Адриано во опуштено издание и гол, класика. Десно од него е  Марко Матераци, а лево Цезар и двајцата поранешни клупски колеги од Интер. Во Рио се за неговиот проштален натпревар на Маракана.

Гвардиола: Дајте ни одмор од 3 месеци како во НБА, па ставајте и по 80 меча годишно

Пеп Гвардиола зборува за повредата на Родри кој одиграл 75 натпревари минатата сезона, а од таму право на Европско кое го играше до крај. И општо за набиениот распоред со купишта мечеви. Во право е што често критикува на оваа тема, бидејќи фрчат повреди на сите страни. Реал на пример сезонава брои вкупно 26 повреди.

Многу емоции во Севиља, легендата Хесус Навас го одигра последниот домашен натпревар

Легендарниот шпански фудбалер Хесус Навас го одигра својот последен домашен меч за Севиља на стадионот „Рамон Санчез - Пизхуан“. Двократниот европски и еднократен светски шампион со Шпанија и неколкукратен освојувач на Лига Европа во Севиља игра 18 сезони (од 2003/2004 до 2024/2025).

Срамната глума на Кукуреља

Европскиот првак со Шпанија, Марк Кукуреља во Премиер лигата важи за еден од поомразените фудбалери и кај навивачите и кај играчите. Тој на мечот Челси - Брентфорд во финишот кога неговиот тим бранеше предност од 2-1 изглуми фаул и го намести противничкиот играч Јанелт поради што овој доби жолт картон. Глумата на Шпанецот ги изиритира фудбалерите на Брентфорд, настана гужва во која и самиот Кукуреља доби втор жолт и црвен картон на крајот.

Михајловиќ: Кога пијам ракија вадам две чаши, едната за мене другата за татко ми

На 16 декември, 2022-ра, на два дена пред спектакуларното финале меѓу Аргентина и Франција во Катар, замина големиот Синиша Михајловиќ. Европски првак со Црвена Ѕвезда, шампион на Италија со Лацио, симбол на славните ју времиња, неприкосновен изведувач на слободни удари, успешен тренер, фајтер во душа, почитуван во фудбалскиот свет. Жалеше само за една работа во животот која ја објасни во тв гостување во Италија пред 5 години.

Жесток хаос во Глазгов меѓу навивачи на Селтик и Ренџерс

Проценката на полицијата во Глазгов е дека на улиците на Глазгов се судриле околу 150 членови на групата Зелена Бригада (Селтик) и Унион Беарс (Ренџерс). Судирот бил толку жесток што и самите присутни полицајци решиле да се повлечат пред да стигне засилување.