Многу емоции во Севиља, легендата Хесус Навас го одигра последниот домашен натпревар

Легендарниот шпански фудбалер Хесус Навас го одигра својот последен домашен меч за Севиља на стадионот „Рамон Санчез - Пизхуан“. Двократниот европски и еднократен светски шампион со Шпанија и неколкукратен освојувач на Лига Европа во Севиља игра 18 сезони (од 2003/2004 до 2024/2025).

Настапи на 704 официјални натпревари, постигна 49 гола. Освои со Севиља 4 пехари во Лига Европа, 1 Суперкуп на Европа и 1 Суперкуп на Шпанија.

Реши со крајот на годината 2024 да стави крај на неверојатната кариера. После дуелот Севиља - Селта Виго (1:0) во саботата вечер, Хесус Навас во клупскиот музеј го оставил својот дрес и капитенска лента.

Кратко престојуваше и во Манчестер Сити каде во пар сезони освои шампионска титула во Премиер лига (2013/2014) и два Лига Купа (2013/2014 и 2015/2016).

Плакета доби и од Селта Виго а му ја врачи уште една голема легенда на шпанскиот фудбал, Јаго Аспас, капитенот на гостите од Галиција:

Најдобрите моменти во кариерата на Хесус Навас во Севиља:

 

16 декември 2024 - 14:11