Срамната глума на Кукуреља

Европскиот првак со Шпанија, Марк Кукуреља во Премиер лигата важи за еден од поомразените фудбалери и кај навивачите и кај играчите. Тој на мечот Челси - Брентфорд во финишот кога неговиот тим бранеше предност од 2-1 изглуми фаул и го намести противничкиот играч Јанелт поради што овој доби жолт картон. Глумата на Шпанецот ги изиритира фудбалерите на Брентфорд, настана гужва во која и самиот Кукуреља доби втор жолт и црвен картон на крајот.

Головите од натпреварот Челси - Брентфорд (2:1) после кој сините имаат само 2 бода помалку од лидерот Ливерпул кој има и натпревар помалку:

 

16 декември 2024 - 13:18