
Никола Јокиќ уфрли 20 поени (8/19 од игра), 14 скока и 13 асистенции и така стигна до десеттиот трипл-дабл сезонава со што е лидер на оваа листа во НБА.
Џамал Мареј кој цел меч играше топло-ладно во нему својствен стил, синоќа на 8,6 секунди пред крајот на мечот погоди тежок шут од полу-дистанца и на Денвер Нагетс му донесе исклучително важна победа.
JAMAL MURRAY FOR THE WIN.
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 17, 2024
pic.twitter.com/ZfiZTVFVM9
Мареј го заврши мечот со 28 поени и шест асистенции. Арон Гордон додаде 24 поени со 7 скока, а Расел Вестбрук беше на чекор до нов трипл-дабл (он е апсолутен лидер на вечната листа играчи со најмногу трипл-дабл учиноци). Вестбрук синоќа постигна 18 поени со 9 скока и 10 асистенции а одлични беа уште и Џулијан Стротер со 13 поени и Мајкл Портер Џуниор со 10 поени.
Некогашниот НБА шампион Денвер Нагетс сега после овој триумф има 14 победи и 10 порази.
Кај Сакраменто Кингс Дирон Фикс броеше до 29 поени со 5 скока и 7 асистенции а Домантас Сабонис даде 28 поени, 14 скока и 6 асистенции. Малик Монк уфрли 25 поени со 6 скока и 10 асистенции а Демар Дерозан 17 поени, 3 скока и 4 асистенции.