Годината изминува, а тоа значи дека е време за сумирање на бројките и впечатоците.
Ако некој го заслужува годинава повеќе од сигурно, тоа е хитот број 1 во Германија и пошироко, наречен Баер Леверкузен, кои од лузери станаа најинтересен клуб за 2024-та.
Актуелниот германски првак е најпребаруван фудбалски клуб во Европа за оваа година кој засени гиганти како Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити, Ливерпул, Јувентус, Интер...
Во светски рамки, статистиката покажува дека се на позицијата број 4 во однос на клубовите во сите спортови.
Првите две места ги заземаат бејзбол екипите Њујорк Јенкис и Лос Анџелес Доџерс, а трет е Интер Мајами, се разбира благодарение на Меси.
Во 2024 година, Баер не беше само што е четврти во светот на Гугл, туку и единствен од Европа во топ 10. Надвор од САД во првите 10 е и аргентинската репрезентација.
Најмногу пребарувања со клучните зборови „Bayer 04 Leverkusen" имало за финалето од германскиот Куп против Кајзерслаитерн (1:0), кога ја комплетираа историската двојна круна.
Потоа на 14 април, кога Леверкузен го декласираше Вердер 5:0 и ја обезбеди првата шампионска титула во историјата на клубот.
Клубот од градче со 163.000 жители, дефинитивно го засили својот бренд, а тоа го докажува и што бил пребаруван и ширум светот, собено во Јужна Америка и Централна и Западна Африка.
Германскиот првак може да се пофали и со други силни бројки, како што се финансиските. Никогаш претходно не оствариле поголема продажба од тековната година, а тоа се над 350 милиони евра.
Растот се забележува и на стадион, каде 14.000 навивачи се на листа на чекање за сезонски билет, додека еднократните карти на Бај арената се распродадени за секој натпревар.
Инаку што се однесува до резултатите, Баер на последните 77 натпревари има само 3 порази. Минатата сезона загуби од Аталанта во финалето од Лига Европа, а оваа од Лајпциг 2:3 во Бундеслига и од Ливерпул 4:0 во ЛШ.
Сите три порази им се на домашен терен, што значи на гости сè уште се непобедливи оваа и минатата сезона.
Во моментов се во серија од 7 победи по ред во која ги совладаа Баерн Минхен и Интер, а на табела во првенство се втори со 4 бода зад Баерн.